На 6 септември 2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, што ќе се пренесуваат во живо на YouTube и Facebook платформата на претседателот.
Енергетската и економската криза може да предизвика дестабилизација на регионот
Контуинирана размена на искуства и знаења за новите механизми за безбедност со цел зачувување на мирот и стабилноста во регионот наспроти сите ризици со кои се соочува. Вака заклучи академската фела од повеќе држави кои во Дојран расправаа за како да се унапредат механизмите за безбедност ми и развој кои се поврзани со севкупните промени на регионално и глобално ниво.
Војната на европско тло може да предизвика политичка и економска дестибализација на регионот и затоа е пторебно да се превенира заклучија деканот на Филозвоскиот факултет при Уким и на факултетот за криминалистика од Сараево при што како што кажаа фокус треба да се даде и на енергетската и економската криза.
На меѓународната конференција беше присутен и министерот за правада кој како владин преставник истакна дека препораките и заклучоците кои ќе произлезат од двеодневната научна конференција ке бидат прифатени.
На научната конференција пристутвуват 80 професори од Германија, Босна, Италија, Посла, Србија, Турција, Грција, Франција и Шпанија а е организиран од Институтот за безбедност одбрана и мир при УКИМ.
Продолжува расправата за кандидатите за уставни судии на матичната собраниска комисија
Од активна блокада на собранието опозициската ВМРО ДПМНЕ со активна дебата на комисиската расправа за избор на уставни судии . И додека пратениците на ВМРО ДПМНЕ ги изнесуваа своите аргументи зошто професорот Тодор Витларов треба да биде избран за уставен судија парламентарното мнозинство речиси и да не се вклучи во дебатата за овој предлог.
Комисиската расправа за избор на уставни судии продолжи уште минатата недела откако пратениците се вратија од одмор. Досега комисискиот филтер го поминаа Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер и двајцата на предлог на парламентарното мнозинство . Меѓу имињата за кои ќе се дискутира на оваа комисија е и републичкиот обвинител Љубомир Јовески универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијка Весна Јовановска и охридскиот обвинител Војислав Димоски.
Собраниската Комисија за избори и именувања во мај ја почна процедурата за утврдување кандидати за избор на нови уставни судии. За четирите испразнети места има девет кандидати. Ако до крајот на годината не бидат пополнети испразнетите места во Уставниот суд на Македонија и се заканува уставна криза.
Кочанското основно училиште „Никола Карев„ е со блокирана сметка
Кочанското основно училиште „Никола Карев“ новата учебна година ја почна со блокирани сметки. „Авто Атом“ со извршно решение си го наплати преостанатиот долг за превоз на ученици. Станува збор за 11 илјади евра, камата за долг стар дестина години. Директорот на училиштето обвинува за намерно непочитување на договорот од страна на превозникот.
„Остатокот од каматата, училиштето се обврза дека ќе го исплати во 2022, без да се наруши неговото нормално функционирање. Ние годинава веќе исплативме 200.000 денари во април и 150.000 денари на 31-ви Август, договорот од страна на превозникот не е испочитуван“, вели Александар Андов, в.д директор на ОУ „Никола Карев“.
Од „Авто Атом“ велат според спогодбата, потпишана лани во декември училиштето долгот требало да го исчисти до крајот на јуни годинава.
„Неколкупати им испраќавме опомена, но тие не ја почитуваа Спогодбата, долгот да си го платат на шест рати, па на крај го активиравме извршното решение“ велат од раководството на компанијата Авто Атом-Кочани.
Пари за плата на наставниците ќе има, но не и за дрва, нафта, струја и средства за хигиена. За да може да функционира училиштето, ќе се прави нов ребаланс на буџетот на општина Кочани. Ова е последен дел од долгот што општина Кочани го имаше кон овој превозник. Претходно за истиот период на име основен долг и камати му испати осум милиони денари.
Лудва: Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа
Приоритетите на триото Франција, Чешка и Шведска беа поставени на генералниот совет во декември 2021 година, тогаш имавме поинакво сценарио. Немаше енергетска криза и ова поставување беше пред руската агресија во Украина и тогаш бевме фокусирани на заштита на граѓаните, на нивните слободи и права, развојот на европскиот модел, развој на зелена економија, социјален раст и унапредување на европските вредности. Наеднаш сè се смени, мораше да ги измениме и прошириме нашите приоритети. Инвазијата во Украина од февруари 2022 година донесе неопходност да се прегледаат ваквите приоритети, порача чешкиот амбасадор во Северна Македонија Јарослав Лудва на денешната собраниска комисија на која беше презентирана Програмата и приоритетите на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија.
– Имаме два сета на приоритети, првите се општи, а вторите се надворешни во кои надлежно е Министерството за надворешни работи. Имаме четири надворешни приоритети, а во два од нив е споменат и Западен Балкан. Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа, истакна Лудва.
Презентирајќи ги приоритетите на чешкото претседателство пред пратениците во Собранието, тој посочи дека Чешка се осврнува на итните безбедносни прашања и неодложни безбедносни прашања. Се осврна и на надворешните работи, како што се проширувањето на односите, унапредување на унифицирана и ефикасна Европска Унија во нејзините односи во корелација со високи претставници за надворешна и безбедносна политика, како генерален и општ приоритет и мислам дека е на листата на секое претседателство.
– Јакнење на партнерството и односите со други држави, главно Западен Балкан, Украина и источното партнерство. Уште еден приоритет високо на листата, а тоа е проширување на ЕУ, преку доделување и постигнување на содржаен напредок во преговорите и поддршка на процесот на проширување со државите од Западен Балкан и конечно давање кандидатски статус на Украина, додаде тој.
На собраниската комисија за европски прашања присуствуваше и заменикот на премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој во своето обраќање истакна дека француското и чешкото претседателство се историски важни.
– Чешката Република е значаен поддржувач на евроинтеграциите на Република Северна Македонија што токму во овој период го почнуваме скринингот и ги почнуваме преговорите. Континуираната билатерална поддршка, како и онаа во рамки на институциите на ЕУ се од особено значење за нас и токму и во таа насока и на 8 септември ќе имам прилика да ја посетам Чешка и во Прага, заедно со чешкиот министер за надворешни работи, Бег заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата земја, вели Маричиќ.
Фокусот на Северна Македонија, според него ќе биде на енергетска ефикасност, искористување на обновливите извори на енергија и исполнување на климатските цели на ЕУ.
Како клучен момент, Маричиќ го посочи скринингот на законодавството што, како што вели, ќе овозможи конечно дискусија суштински елементи врзани за преговорите со ЕУ, надвор од билатералните прашања.
– Собранието, пред сè Комисијата за европски прашања и Националниот совет за европска интеграција ќе имаат клучна улога затоа што очекуваме активно вклучување и поддршка и од пратениците, но и од опозицијата за тоа што со децении е стратешка цел на државата, додаде Маричиќ и апелираше до опозицијата да ја искористат шансата и подадената рака и да го активираат Националниот совет за евроинтеграции.
Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање истакна дека кога се разговара за стратешки и важни одлуки, потребно е да биде вклучена и опозицијата.
– На овој начин гледаме дека власта презема и ветува обврски што не можат да бидат исполнети бидејќи истите не се во согласност со волјата на народот и не се во согласност со тоа што ќе го кажат претставниците на граѓаните тука во Собранието. Важно е да имаме дебата тука во Собранието бидејќи имаме многу проблеми затоашто немаме заемна почит, додаде Лефков.
Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори. Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачленување во ЕУ.
Во расправата по темата учествуваа пратениците Славица Тасевска, Халил Снопче, Фадиљ Зендели и Соња Мираковска и Гордана Силјановска-Давкова.
Во нивните дискусии беа изречени предлози и забелешки за унапредување на процесот на зачленување на земјата во насока на постигнување на инклузивност на процесот со заемно учество на позицијата и опозицијата како неопходност во овој процес. Посебно беше истакната потребата за активно вклучување на Парламентот во процесот, преку Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со кој раководи опозицијата.
На Комисијата за европски прашања присуствуваа и претставниците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ, како и на дипломатскиот кор и медиумите.