Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината – му ги исекол гумите на автомобилот













Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.




-Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.




Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип.




Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип.




Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

Ѓоковиќ: Штета што не играм на Индијан Велс и Мајами, се надевам на настап на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тоа дека не доби дозвола да учествува на турнирите во Индијан Велс и Мајами.

На 22-кратниот победник на Грен слем му беше забранет влезот во САД поради немање сертификат за вакцинација против коронавирус.

– Посакувам да можам да играм во Индијан Велс и Мајами. Ги сакам овие турнири. Имав многу успех таму. Но, во исто време, ова е свесна одлука што ја донесов и знаев дека секогаш постои можност да не одам. И оваа ситуација, се надевам, ќе се промени до крајот на оваа година за следниот УС Опен. Ова е најважниот турнир за мене на американско тло, го цитира Ѓоковиќ „Си-ен-ен“.

Триесет и петгодишниот тенисер истакна дека во оваа фаза од кариерата му се најважни грен слемовите и ќе почека да види дали ќе може да замине во Њујорк.

– Навистина сакам да играм таму, сакам да бидам таму. Имав среќа три пати да го освојам УС Опен, да одиграм многу финалиња. И покрај тоа што загубив пред две години, добив многу љубов и благодарност од луѓето и сакам да се вратам и повторно да се сретнам со тие навивачи. Така што тоа е она на што се радувам и се надевам дека ќе се случи, изјави Ѓоковиќ.

УС Опен-2023 ќе се одржи од 28 август до 10 септември.

Голема трагедија вечерва во Македонија: Млада девојка загина, малолетник тешко повреден – ова се деталите

Денеска попладнево нешто по 16 часот во полицијата билоа пријавено дека на регионалниот пат Битола- Кичево кај местото викано “Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која кола “мерцедес” со регистарски ознаки од Демир Хисар, а управувано од Б.Г.(33)од село Белче изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во страотната сообраќајка од тешките повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25)од селотоБелче каде од страна на брзата помош е констатирано смрт.

Кај малолетник кој бил сопатник и е пренесен во Клиничката Болница Битола констатирани се тешки телесни повреди, се вели во инфромацијата на полицијата.

Имаше четири бајпаса, оперираше и тумор, никогаш не се жалеше: Почина познатиот актер Мешко













Драмскиот театар соопшти дека на 78-годишна возраст денеска починал актерот Димче Мешковски. Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи на 28 март, со почеток од 12 часот, во Драмскиот театар.








Познатиот македонски актер е роден на 31 октомври 1945 година. Целата професионална кариера ја помина во Драмскиот театар – Скопје, а ќе остане препознатлив по улогите во театарските претстави „Диво месо“, „Солунски патрдии“ и „Хамлет од Долно Гаштани“.








Македонската публика го препознава по радио-драмите и учеството во хумористичните серии „Хихирику“ на Радио Скопје. Димче Мешковски е препознатлив и по култните улоги во македонските филмови, меѓу кои „Викенд на мртовци“, „Републиката во пламен“, „Македонски дел од пеколот“, „Среќна нова 49“ и други филмови.




За голем дел од јавноста, особено помладата публика, ќе остане запаменет по позајмувањето на гласот и натсинхронизацијата на цртани филмови на Македонската телевизија, а како култна ќе остане натсинхронизацијата на Гаргамел во цртаниот филм „Штрумфови“.








Димче Мешковски во својата професионална актерска кариера има добиено повеќе награди, вклучувајќи ја и наградата „13.Ноември“ и „Ристо Шишков“, како и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.




Славниот Мешко пред неколку години беше во татковината и откри дотогаш непознати детали за неговата здравствена состојба. На шега прокоментира дека Скопје го лечи од сите болести.




„Мислам дека ќе ни треба три интервјуа за да ви раскажам за моите болести. Имам четири бајпаса, имам проблем со колкот кој ми е два пати опериран, потоа паднав од велосипед па ја скршив коска на бутот, и сега сум инвалид од колкот. Оперирав паратироидна жлезда, опасен некој тумор беше. Па, имам преживеано мозочен удар, тежок артритис, витилиго, одам на дијализа, ми откажаа бубрезите. Оперирав и хранопроводник и така уште неколку болести, не можам сега сите да ги набројувам, и не сакам да се жалам“, раскажа тој во интервју за „Женски магазин“.

ЖЕСТОКА КАВГА ВО СУДНИЦАТА: Судијата мораше да интервенира – Продолжи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово













ЖЕСТОКА КАВГА ВО СУДНИЦАТА: Судијата мораше да интервенира – Продолжи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Сослушани беа универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.








Денешниот судски процес за пожарот во тетовската модуларна болница започна мирно, но по кратко време се вжешти атмосферата во судницата откако изби кавга помеѓу еден од обвинетите, Артан Етеми, и еден од роднините на починатите во несреќата.




Судијата Јордан Велковски беше принуден да реагира и да ги предупреди присутните за мир во судницата.

Судскиот процес продолжи со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството и од одбраната на обвинетите.




Сослушани беа универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.




Тие во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма за тоа дали модуларните болница биле изградени според проектната задача согласно барањата на договорниот орган.




Обвинителот побара професорот Стоилков да објасни каква инсталација за електрична енергија имала модуларната болница во внатрешноста.

– По однос на внатрешната инсталација за жал не можевме да извршиме увид во самата болница бидејќи, како што знаете таа беше целосно опожарена. Затоа направивме увид во две други модуларни болница од ист тип во Гостивари и Кавадарци. Извршивме проверка дали вградената опрема квалитативно и квалитативно одговора на проектната задача. Утврдивме дека модуларните болници се изведени согласно проектната задача на Светска банка, обврска на договорниот орган – истакна професорот Стоилков.




Еден од адвокатите на одбраната го праша сведокот дали при изготвување на наодот извршиле увид на самото место во Тетово, на што професорот одговори потврдно.

За професорот Владимир Димчев немаше други прашања, а тој рече дека останува на ставовите дадени во писмениот вешт наод и мислење.




Сведочеа и медицинските сестри Даниела Симјановска и Фљутурије Ислами. На прашањето од адвокатите дали имало противпожарен апарат во модуларната болница Симјановска рече дека имало во работната соба. Медицинската сестра Ислами на истото прашање рече дека мисли дека имало таков апарат.

Обвинителите и дел од адвокатите поради дуплирање на дел од сведоците ги повлекоа листите со луѓе кои треба да се повикаат да сведочат. Наредното рочиште е закажано за 6 април.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година, откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

92-годишниот милијардер Мурдок се вери со 26 години помлада жена: Ова ми е последна љубов









Бонус видео: Бугарка ја промовира Бугарија во Занзибар

92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок се сврши со 26-години помладата Ен-Лесли Смит, вдовица на кантри ѕвездата Честер Смит.




Мардок за New York Post открил дека за својата партнерка избрал дијамантски прстен, а планираат да се венчаат оваа година. “Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе биде мојата последна љубов. И подобро е така. Среќен сум”, рекол милијардерот.




Дејли Мејл пишува дека парот се запознал во септември минатата година, а Смит ја опишал нивната врска како „божји дар“.

“Јас сум вдовица веќе 14 години. Како и Руперт, мојот сопруг беше бизнисмен. Така, јас и Руперт се разбираме, имаме исти мислења и верувања. Само чекав вистинско време за повторно да се свршам”, рече таа и додаде дека нејзините пријатели се многу среќни за неа.




Инаку, милијардерот се разведе од Џери Хол во август минатата година. Тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).




Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

По разводот, на Ана ѝ биле доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг, со која бил до 2014 година и имал две деца. Мардок за време на нивниот брак имал 68 години, додека Венди само 30.

(ВИДЕО) Аца Лукас ја откри својата НАЈГОЛЕМА тајна – дознајте за што се работи

БОНУС ВИДЕО: Аца Лукас во елемент










Фолк пејачот Аца Лукас учествуваше на фестивалот „Песна за Евровизија“ со песната „Оскар“, а во неговиот тим беше и пејачката Кија Коцкар во својство на ПР менаџер на Лукас. Тие двајца не ја криеја својата блискост, а наводно меѓу нив има повеќе од пријателство.




-Аца и Кија во последно време се многу блиски, ги поврзуваше работата, двајцата соработуваат со Саша Мирковиќ и поминуваат многу време заедно. Имаа заеднички патувања, настапи, концерти, а доста се зближија на сите тие подготовки и проби – вели изворот за Ало.рс, кој истакнува дека во последно време наводно се забележани искри меѓу нив.




– Врската на сите им стана многу чудна на сите. Се забележува дека се многу блиски, имаат слична смисла за хумор, ставови и интереси. Кога ќе почнат да зборуваат за нешто, не можат да престанат и сите околу нив почнуваат да забележуваат дека нешто чудно се случува. На никого не му е јасно дали се само многу добри пријатели или меѓу нив со текот на времето се родиле емоции. За врската не сакаа да зборуваат ниту со најблиските пријатели, поради што многумина мислеа дека се во тајна врска – објаснил изворот за гореспоменатиот медиум кој открива како работат пејачите.




– Одлично се согласуваат, со оглед на тоа што поминуваат многу време заедно, чудно е што никогаш немале кавги или несогласувања. Тие се многу хармонични, а доколку одлучат да бидат заедно, би биле добар пар – заклучил тој.

Екипата на шоуто „Папарацо лов“ се увери дека каде има чад има оган, што ги долови блиските моменти на Лукас и Кија, кои имаа неколку блиски прегратки и бакнежи за време на фестивалот.




Аца Лукас еднаш негираше врска со Кија, за која не штедеше пофални зборови.

-Кија и јас не сме во врска, само бизнис. Никогаш немало приказна да оди во тој правец, ние сме колеги. Таа е добра пејачка, многу напредува и се дава. Како што е, таа е одлична – рече тогаш фолкерот.

ФОКУС открива нови детали: Момчето имало 17 години и 15 килограми – се огласи и ДИРЕКТОРКАТА













ФОКУС открива нови детали: Момчето имало 17 години и 15 килограми

Откако „Фокус“ објави дека 16-годишник е хоспитализиран на скопската Детска клиника во лоша здравствена состојба и заразен со овчи сипаници, тие побараа одговор од актуелната директорка на клиниката, доктор Стојка Нацева-Фуштиќ, таа се јави со свој став за целата ситуација.








„Пациентот има 17 години и 15 кг, со тешка церебрална парализа, неподвижно со многу тешки деформитети. Донесен е на клиника вчера и поради респираторна инсуфициенција веднаш е интубирано и поставено на механичка вентилација.








Поради осипот, кој беше суспектен за варичела, воопшто не е примено на одделот за интензивна терапија, туку во контактна изолација на оддел пулмо Б. Инфектолог дојде и вчера и денес, но не го прифаќаат пациентот кај нив бидејќи е на механичка вентилација (иако имаат единица за интензивна терапија).




Побарајте одговор кај нив зошто не примат пациенти со инфективен осип. Не може да го оставиме на улица“, вели докторката Фуштиќ.

Извор и повеќе вести на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

Бонус видео: Бугарка ја промовира Бугарија во Занзибар

Се јави водителката, која се онесвести среде емисија: Откри што се случило (ВИДЕО)













Метеорологот од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.








„Благодарна сум што овој пат не беше срцето. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, затоа“, напиша таа на Инстаграм.








Инаку, Шварц се осврна на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година ѝ се слошило за време на прогнозата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.




Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рече дека „ќе мора да направи кратка пауза“.




Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.

Бонус видео: Бугарка ја промовира Бугарија во Занзибар

Македонија во ШОК: Младо 16-годишно момче хоспитализиран на Клиника за детски болести – еве што е откриено













Македонија во ШОК: Младо 16-годишно момче хоспитализиран на Клиника за детски болести – еве што е откриено




Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници вчера било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.








Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.




Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.




Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот.




Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.

Бонус видео: Бугарка ја промовира Бугарија во Занзибар

error: Content is protected !!