Време е за обединување: Од народот за народот – Купувајте млечни производи по пониски цени









Фејсбук статус на Бојан Велевски:

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

Во НЕДЕЛА (02.10) во 12ч, овде на мојот фан пејџ ќе биде отворен ONLINE БАЗАР за сите оние индивидуални и семејни бизниси кои ќе понудат основни продукти




МЛЕКО, ЈАЈЦА, БРАШНО, СИРЕЊЕ, КАШКАВАЛ, УРДА (РАЗНИ ТИПОВИ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ) по ПОНИСКИ ЦЕНИ од оние во маркетите.

Исто така ќе биде дозволено да се понудат ДОМАШНИ СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ.

***НАПОМЕНА***

Нема да оставиме простор за злоупотреба и манипулации со цените. Ќе бидат ангажирани четворица админи кои ќе ја следат состојбата 24/7.




Оваа страна ВИЕ ја правите една од најпосетените на фејсбук во Македонија со 350.000 до 500.000 посети неделно.

Штета е да не ја употребиме за нешто многу покорисно од само хумор и сатира.




Правилата за начинот на објава и реклама на Базарот дополнително ќе ги објавиме утре.

Се надевам дека ќе си помогнеме едни на други и заедно ќе ги пребродиме овие неколку тешки месеци.

Ширете го постов за да стигне до што е можно повеќе семејства кои произведуваат домашна храна.




Речиси сите од ВМРО-ДПМНЕ и даваат поддршка за ова – Данела вечерва грмна: КАКО НЕ ВИ Е СРАМ









Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изминатиот период беше во отворена војна со дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но вечерва членовите на оваа партија и честитаат за она што го напиша.




Жалам што морам уште еднаш да ја констатирам неспособноста на Владата за справување со предизвиците од енергетската криза, а со кои се соочуваат и скопјани.

Она што уште повеќе загрижува е неинформираноста на институциите за сопствените ингеренции кога станува збор за системот за снабдување со топлинска енергија односно парно греење.




Колку за потсетување, уште на 10.01.2022 година премиерот Ковачевски се пофали дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без греење, за сега на веќе започната грејна сезона, наместо функционално решение граѓаните да се соочуваат со ладни радијатори.




Ширењето невистини и манипулирањето на граѓаните нема да ја реши економската и енергетска криза. Напротив, премиерот Ковачевски би требало итно да се зафати со решавање на овие проблеми, наместо да шета од медиум на медиум и да пласира невистини.

За потсетување, Владата е таа која има дадено повеќегодишна концесија на БЕГ при што секако обврска и одговорност на Владата е да се справи и со последиците кои произлегуваат од таа концесија.




Согласно член 38 од Законот за енергетика вршителите на енергетските дејности се лица кои поседуваат лиценца од Регулаторната комисија за енергетика која се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енергетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс.

Град Скопје во ниту еден момент не бил носител на лиценца, напротив до енергетската криза на сите Влади очигледно им одговарало енергетските ресурси со кои се произведува, дистрибуира и снабдува со енергија, да бидат во рацете на приватници наместо да се третираат како национални ресурси кои се од исклучителен јавен интерес.




Владата кога беа милионски профитите на приватните компании кои раководеа со топловодната енергетска мрежа одбиваше таа да биде одземена од истите и да претставува национален ресурс, за сега да бара виновник за сопствените одлуки.

Обидите за префрлање на вина од оној кој не преземал соодветни мерки за амортизирање на ценовниот шок во кризава е дегутантно и непотребно, бидејќи ако се реагираше на време со мерки, како што тоа го направија владите на другите држави, сега немаше да има толку големи проблеми.




Поради континуирано задоцнетите мерки сите плаќаме поскапа електрична енергија, парно, нафтени деривати.

Недела е ден за уметност во пабот: Нема да верувате што правеше Адам без прекин (ВИДЕО)









Супер Цвета седела покрај базенот со колегите, и ја повикала Слаѓа Лазиќ да ја замоли да и помогне да го подобри физичкиот изглед и да ослабне килограми.

Ти дојде кај мене како кец на десетка, би сакал да се трансформирам овде. Зошто не можете да покажете што можете да направите? – предложи Цвета.




Навистина не можам, ти треба лента за трчење овде, не можеш ти чучневи да правиш, – рече Слаѓа.

Нашиот Адам Лабунски овојпат е помирен, но повторно знае да го привлече вниманието.




Кристијан Голубовиќ, Емил Каменов и Адам Лабунски решија креативно да го поминат слободното време кое е резервирано за одмор во Белата куќа во недела.




Тројцата седеа во пабот „Пријатели“, а додека Кристијан црташе, Адам го пушти гласот и ја комплетирал атмосферата.

Повеќе детали во видеото:

Политичка бомба доцна вечерва: Поврзана е со името на Бујар Османи – се е готово?!









Актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи може да биде „жртвата“ на внатрепартиските пресметки во ДУИ, пренесува телевизија 21.

Како што пишува медиумот, иако се уште не официјално, до „Огнена група“ е пристигнат предлог, во кој им се нуди оставка на Османи и таа позиција да ја пополни некој од таа лоби група.




Партијата на ДУИ од ограноците на Чаир и Сарај ги предводат незадоволните, меѓу кои има и неколку пратеници и заменици министри.




ДУИ може да функционира без кој било поединец затоа што има стабилни структури, изјави денеска лидерот на партијата Али Ахмети по вчерашниот апел до него од членови на партијата да го искористи својот авторитет за да се зачува партиското единство.




„Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархијата нема место, изјави Ахмети.

На новинарско прашање како ќе се одрази ова барање на дел од членовите на ДУИ меѓу кои има и двајца пратеници, Ахмети со одговор дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата.




„Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата“, истакна Ахмети.

Прашан дали во 2023 година ќе има нов избор за претседател на партијата, Ахмети со одговор дека не завршил со неговата мисија.




„Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија се уште не е завршена. Ќе ме ‘имате на врат’ и наредните четири години“, рече Ахмети.

Останува да се види дали Ахмети и Груби ќе го пуштат „низ вода“ Османи, за да ги смират страстите на незадоволната група.

Се напиле, па се тркале: Познати се деталите во кои загинаа младите родители и нивното дете













Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Мостар, во која четири лица го загубија животот, а уште четири се тешко повредени, била последица од прекумерна конзумација на алкохоли трка со автомобили, неофицијално дознава Klix.ba.




Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во БМВ Х5 и М.Д. во Мерцедес, на кој му биле измерени 2.5 промили на алкохол во крвта. Смртно настрадал бизнисменот од БиХ, Мате П. Кој управувал со БМВ-то, а кој притоа со пријалтел се враќал од крштевка.

Колку брзо возеле, најдобро прикажува глетката на автомобилите кои по несреќата се целосно уништени.




Тие се тркале во насока од Мостар кон Чапљина и во местото Буна-Затон во близина на Бунскиот канал усмртиле недолжно семејство кое патувале во Рено Сеник од обратен правец.




Во ставичниот судар, во реното смртно настрала брачната двојка Крстиќ од Мостар заедно со нивниот деветгодишен син, додека тригодишната ќерка се здобила со тешки повреди и моментно се бори за живот во мостарската болница. Со тешки телесни повреди се здобиле и други тројца патници што биле заедно со Мате П. во БМВ-то.

Припадниците на полициската управа во Мостар пет часа вршеле увид на местото на несреќата која ја зави БиХ во црно.

Кобно престигнување: Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби едно лице













Голема несреќа. До неа дошло при обидот за пристигнување.

За жал има и починат човек.




Денеска околу 13 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на влезот во Нови Сад од правец на Зрењанин, кај јамката Качка, во која животот го загуби едно лице.

Во несреќата учествувале патничко возило со новосадски регистерски таблички „опел корса“, управувано од починатиот Н.В.(61) од Шајкаш, кое се движело од правец на Нови Сад кон Зрењанин.

Како што неофицијално дознаваме, до сообраќајната несреќа дошло кога шеесет и едногодишен маж почнал да престигнува возило, ја преминал полната линија и со предниот лев крај удрил во предниот лев дел од автомобилот „БМВ“ кој се движел од Зрењанин до Нови Сад, а кој го управувал У.Ц.(28 ) од Бачка Топола.

Според информациите, од ударот „опел корса“ излетала од коловозот.




Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската Итна помош, нивната екипа интервенирала на лице место, а повикот бил примен во 13 часот и 41 минути.

Екипата само на лице место можела да констатира смрт на Н.В.

Босанска музичка ѕвезда заработила повеќе десетици илјади евра на свадба во Македонија













Од вообичаената летаргија градот во срцето на Западна Македонија, Кичево, летово рпреку ноќ го живнаа гастарбајтерите, кои во голем број речиси во еден ден се вратија во земјава на летен одмор, анализира весникот Нова Македонија.

Нивната бројност и секако подлабоките џебови, придонесоа за час да се зголеми прометот во маркетите, кафулињата и кафеаните, како и во рестораните за свадби кои во изминатите триесетина дена направија толку свадби колку во преостанатиот дел од годината заедно.




Задоволни од наглиот пораст на прометот се и цвеќарниците, фризерниците, сервисите за миење на автомобили, златарниците и сите трговии и занаети во градот. Заработија и пејачите и музичките групи, бидејќи малку попознати солисти за една свадба добиваат и по десетина илјади евра. Во таа свадбена еуфорија никој не штеди пари и сите сакаат да се покажат во што е можно подобро светло.




– Кичево и регионот својот развој и интензивна станбена изградба во изминатите неколку децении ги должат пред се на парите што ги вложуваат гастарбајтерите. Без нивните дознаки и пензии, овој регион би бил еден од најсиромашните во земјава. Во текот на летото кога доаѓаат на одмор или околу Нова година, градот живее друг живот, бидејќи нашите печалбари ги заживуваат локалите и бутиците. А за многубројните свадби се трошат многу пари, за купување злато и облека, како и за украсување на автомобилите и салите каде што се прават свадбите. Накратко речено, сите имаат корист од печалбарските пари – вели Џевдет Далипи угостител.




Дваесетината ресторани за свадби во градот едвај ги дочекаа печалбарите, за да можат празните одови од пролетта и есента да ги надоместат со поголем промет во овој дел од годината.

И во повеќето села убавите и раскошни куќи и автомобили и повисокиот стандард се должат на печалбарските пари. Едно од тие села е село Лисичани, каде печалбарите од овој крај го искористија времето за одмор да ги направат задолжителните веселби.




– Во нашето село има голем број на жители кои работат и живеат во странство. Од околу 2.500 жители на нашето село, поголем дел се наоѓаат во странство или од околу 250 домаќинста имаме печалбари во Австрија, Словенија, Италија и Германија.Токму овие пари помогнаа да се изградат големи куќи и селото, иако се попразно да наликува на современа урбана населба. Парите што ги носат нашите печалбари се пресудни за се подобриот начин на живот на месното население. Бидејќи нивниот престој во земјава е краток, тие во истиот тој период ја користат приликата да направат свадби, сунети и свршувачки, каде ги собираат своите роднини и пријатели. И летово во нашето село се направија над 35 пребогати свадби со голем број на гости и познати пејачи и музички групи. Дури пред неколку години во нашето село се направи свадба со над 3.000 гости, кога музичка ѕвезда од Босна заработи повеќе десетици илјади евра – вели Ќемо Сами , постојан жител на ова село.

Овој период со душа го чекаа и снимателите и фотографите, кои со својата опрема и умешност ги овековечија овие свечености, за славениците преку снимки и фотографии да се присетуваат на овие свечени моменти и кога ќе заминат од земјава.

Али Ахмети се огласи: Никој не очекуваше дека ќе го каже тоа за Блерим Беџети, Муса Џафери и Изет Меџити









Заменик премиерот Артан Груби засега нема коментар околу писмото на кое се потпишани 20 истакнати членови на партијата, а со кое тие бараат се бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да најде решение за да се врати единството во партијата.

На фејсбук профилот на Груби нема коментар околу најновите збиднувања во партијата.




Последната објава е од 22 септември, од промоција на едн книга.

Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Ејуп Адеми, се меѓу потписниците кои директно го обвинуваат првиот вицепремиер Груби за самоволие.




Практично, меќу потписниците се двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници. И двајцата потпишани пратеници – Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, се од Чаир, општината од која доаѓа и вицепремиерот Груби. На реакцијата може да се види и потписот на Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, кој доаѓа од Гостивар. Важи за човек на Невзат Бејта, кој исто така е потпишан на петицијата.




Шефот на ДУИ, Али Ахмети денеска зборуваше за писмото иницирано од таканаречената „Огнена група“ со кое се бараа реформи во партијата.

Ахемти рече дека ДУИ има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат и без поединец, пренесува КланМ.




„Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка“, изјави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Со овој одговор, тој им даде до знаење дека не планира да го повлече Артан Груби од позицијата, но во исто време и дека можат да ја напуштат ДУИ.




Останува да се види нивниот одговор.

(Фото) Скопјанец шокиран: Слушам Муууу – Соседот си донел крава во подрумот од зградата









Секогаш знае да погоди право во целта. Со неговите статуси на социјалните мрежи, речиси и да нема човек кој веќе не го знае.

Неговиот стил на пишување е таков каков што е, но штом има толку многу публика, значи дека е добар.




Сашо Тасевски објави статус, за комшијата и кравата, а вие ќе имате можност да го прочитате во продолжение:

Стојам пред лифт во зграда, слушам мукање. Муууууу!




Викам некој телевизор, гласно пуштен.

Пак мууууу! Ама некако…




Го гледам комшијава влегува со ѕидарска количка полна сено.

Ме виде се стаписа. Ми вика, не се чуди купив крава. Во подрум ми е врзана. Знаеш со мали деца сум и ти имаш, не можам по две млека секој ден да купувам. Еве помагај ми околу кравата и тебе ќе ти давам млекце сирење. Да не купуваш од Тинекс, Веро.




Јас у шок. Ко ја видов Радица во подрум. Кравата се вика Радица.

Викам да викнеме телевизии, да ја снимат. Да видат од која мака крава си купил. Неееее комшо, ќе ми викнат инспекции, ќе ми ја земат
Крава во зграда.




И така сега јас ја изнесов на пасење у двор. Некои шетаат померани и пудлици, низ населба јас Радица ја шетам. Не е баш тренди, ама млеко дава. Сабајлево првпат ја измолзев. 20 литри машала.

А вие во опозицијата напуштате го парламентот и одма да се оди на предвремени, да не правиме од подрумот живнираска фарма. Оти ова со цените на храната е резил и злосторство против сопствениот народ.




Овие предавници мора да заминат од власт што побрзо.

(ВИДЕО) Апасиев: Да сум бил од Битола, ќе ме викале “Пророко” – погледнете зошто









Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил сподели интересно видео, со кое има и интересна порака.

-Да сум бил од Битола, ќе ме викале “Пророко”, – пишува Апасиев.




Веројатно овде следува прашањето, на што конкретно мисли, а одговорот го имате во видеото.




На видеото се гледа како Апасиев во интервју на 22.09 оваа година, вели дека за некој месец може да има голем распад на партијата ДУИ, иако вели, може да биде тоа и за 15 години.




Само неколку денови подоцна, следуваше реакција од членовите на ДУИ, кои бараат од Ахмети да реагира и да воведе ред во функционирањето на самата партија.

error: Content is protected !!