(ВИДЕО) Општа тепачка во Мадрид: Се замаваа Реал и Партизан

На минута и пол пред крајот на натпреварот, нервозните кошаркари на Реал поради убедливото водство на Партизан од 95:80, предизвикаа сериозен инцидент.

Серхио Љуљ го удри Кевин Пантер, по што реагираа и останатите кошаркари.

Кумановската болница без возило за транспорт на пациенти, едното настрада во сообраќајка

Кумановската болница останува без сопствено болничко возило, по синоќешната сообраќајна несреќа во Скопје.

Несреќата се случила кога болничко возило од општата болница Куманово по силен удар беше превретно и е вон употреба. Директорката на болницата Снежана Захариева за Канал 5 објаснува дека денеска очекуваат да пристигне возилото кое било на поправка и со уште едно возило ќе им помогнат од Итната помош од Здравствениот дом Куманово. Болницата со сопствени средства купила ново возило, но се уште не е пристигнато.

Во стабилна состојба се пациентот, медицинската сестра и возачот кои синоќа имаа сообраќајна несреќа кога амбулантно возило од кумановската болница се судрило со возило во Скопје. 56 годишниот возач со возилото „фолксваген туран“ со скопски таблици е со тешки телесни повреди. Пациентот кој бил пренесуван со болничкото возило од Куманово во Скопје е хоспитализран на Клиниката за кардилогија. Првиот човек на болницата Захариева потврди дека вработените се во добра здравствена состојба.

Несреќата се случила синоќа околу 23 часот на крстосницата бул. „Климент Охридски“и ул.„Св. Кирил и Методиј“. Кога медицинската екипа од Куманово го носеле 72 годишниот пациент во Клиниката за кардиологија, потврдуваат во МВР.

Страотна несреќа ја потресе Македонија: За жал има и жртви – ова се деталите

Фото: Илустрација

Возач починал откако вчера во 13:55 часот со возило излетал од коловозот на локалниот пат меѓу селата Елевци и Евла во Центар Жупа.

Во несреќата, како што информира МВР, загинал М.М.(31) од струшкото село Враништа, кој управувал патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки.

-Возилото излетало надвор од коловозот, а возачот починал на местото на несреќата. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Работник од Комунална хигиена загина во несреќа во Центар

Работник од Комунална хигиена загина во несреќа во Центар

Скопје вчера загина при извршување на работни задачи во Центар.

Како што соопштија од МВР, во 09.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје – вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото.

Смрт констатил лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

УЖАС: Фудбалер се самозапали во знак на протест – ова се деталите

УЖАС: Фудбалер се самозапали во знак на протест во Тунис

Фудбалер од Тунис се самозапали на почетокот на неделава во знак на протест против „полициската држава“ и почина неколку дена подоцна.

Станува збор за Низар Есауи, кој во својата кариера мина низ неколку елитни тимови во Тунис. 35-годишниот маж се самозапали во понеделникот пред полициската станица во градот Хафуз во централната провинција Каируан.

Пред тоа, Исави објави порака на Фејсбук во која објави дека е осуден „на смрт од оган“.

„Немам веќе енергија, нека знае полициската држава дека казната ќе биде извршена (денес)“, напиша тој во понеделникот.

За време на вчерашниот погреб на Исави дојде до судири со полицијата, која ги растера демонстрантите со солзавец. Претходно стотици локални жители се собраа пред домот на фудбалерот и скандираа: „Со крв и душа ќе се жртвуваме за тебе Низар“.

(ВИДЕО) Тепачка во супермаркет во Неготин: Стари и млади во клинч поради евтино месо, луѓето си фрлаа гајби

(ВИДЕО) Тепачка во супермаркет во Неготин: Стари и млади во клинч поради евтино месо, луѓето си фрлаа гајби

Ново туркање и општo лудило пламна поради пониската цена на месото, a oвој пат „сцената“ беше познат синџир на супермаркети во Неготин, во Србија.

На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката на која се гледа како луѓето брутално грабнуваат месо од гајби кои се уште не стигнале да бидат изложени во продавницата, а се симнуваат од палетите.

И тоа не е се, луѓето по случаен избор ги фрлале празните гајби со месо на сите страни, еден кон друг, поради што една гајба удри жена по глава.

А потоа поради зголемен „надворешен притисок“, човекот за миг заврши на подот, но не го испушти месото.

Пред само една недела слична ситуација се случи на пазарот во Борча, а и во Лесковац, кога луѓето се туркаа за поевтини ќебапи.

@helobibi97 #lidl #negotin ♬ original sound – CopyPasta

ТЕШКАТА БОЛЕСТ БРЗО ГО СОВЛАДА: Влатко Ѓорчев пренесе тажна вест- почина младиот Горан

ТЕШКАТА БОЛЕСТ БРЗО ГО СОВЛАДА: Влатко Ѓорчев пренесе тажна вест- почина младиот Горан

Бог да го прости Goran Saragilov – Кби. Нашиот Кби беше 16 години претседтел на МК Болнички дол – ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Донесе безброј победи, објави синоќа на својот профил Влатко Ѓорчев.

– Добар човек, патриот, активист… Доаѓаше на секој митинг. Максимално ангажиран во секоја кампања. Лојален, мотивиран, ангажиран.

Кога ги држев говорите во Велес, редовно ги почнуваше скандирањата и песните (Македонија, ВМРО, Едно име имаме…). За жал, тешката болест брзо го совлада. Збогум Кби. Зборувај на небото со нашите комити и војводи. Чувај и гледај ја Македонија таму од горе. Последен поздрав!!. напиша Ѓорчев.

Пожар во Владимирово, гори куќа и плевна

Опожарена е плевна и стара куќа во поголем обем во село Владимирово, јавуваат од ТППЕ Берово преку Центарот за управување со кризи.

Пожарот го гаснат 3 противпожарни моторни возила и 6 пожарникари.

Екипа на ТППЕ Берово се уште е на терен заради догасување и превенција, објави ЦУК.

(ВИДЕО) Воз удрил во камион кој превезувал автомобили, автомобили летале на сите страни

Воз удрил во камион кој превезувал автомобили во Соединетите Американски Држави. Несреќата се случила во градот Холивуд во државата Флорида, пренесува хрватски „Индекс“.

Како што може да се види на видеото на еден од очевидците, камионот натоварен со автомобили бил делумно на шините и практично не се движел во моментот на ударот.

Возот долетал со значително голема брзина и откачил дел од камионот. Автомобилите биле исфрлени од камионот и расфрлани по пругата, што може да се види на видеото.

На видеото снимено по несреќата се гледа дека веќе е темно и дека се стои на местото каде се случил сударот.

Се наведува дека нема повредени лица при овој немил инцидент.

Игор си заминува од Детска клиника без да добие „трикафта“: Сакаат да ми скратата два дена од примањето на терапијата

Не завршува агонијата на пациентите болни од цистична фиброза како што е Игор Пехчевски, кој објави за овој проблем пред неколку месеци. Тој деновиве беше хоспитализиран на Детската криника, каде бил примен откако состојбата му се влошила. На Клиниката примал антибиотска терапија додека ја чекал трикафта. Сакале да го отпуштат предвреме за да бидe за празниците дома со фамилијата, но по негова иницијатива ќе остане во болничкиот кревет до овој вторник.

-Моето лекување почна на 04.04.2023 и задолжително е да трае до 17.04.2023 година. Сакаа да ми ускратат цели 2 дена од примањето на венската терапија. Периодот за хоспитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои 3 месеци. Незнам зошто некој мене би ме испишал пред време? – прашува Игор откако денеска му било речено дека може да си оди.

Директорката на Детска Клиника, др Стојка Фуштиќ, вели дека состојбата на Игор е стабилна, неговите резултати од испитувања се добри, и дека ништо не менува ако периодот на хоспитализација го заврши порано.

-Јас тоа му го предложив за негово психичко добро, затоа што се велигденски празници, а тој е верник, па ќе може да отиде во црква. Тоа е негов избор, ако сака да остане, нека остане – вели Фуштиќ за „Фокус“.

Но ни таа не знае кога пациентите како Игор ќе го добијат лекот кој го чекаат стотина пациенти со истата дијагноза. Со интервентен увоз беше набавена терапија за 12 пациенти за период од една година. Осумдесет, и повеќе, се уште чекаат.

Во Министерството за здравство е формирана комисија која за период од три месеци треба да усвои протокли и подзаконски акти за во иднина терапијата да se набавува навреме. Но пациентите велат дека се уште не е обезбеден буџет за набавка на современата терапија ниту се почнати преговори со фирма со која би се склучил договор за набавка.

error: Content is protected !!