Страшни сцени, станарите го гледале со свои очи, не можеле да помогнат: Маж се обесил од надворешната страна на зградата

Нема крај на тажните вести.

Луѓето се повеќе попуштаат психички и во заблуда го прават најлошото.

Уште една страотна вест доцна вечерва одекна – починал маж, кој самиот си пресудил.

Нека почива во мир.

Во бањалучката населба Долац денеска е пронајден обесен постар маж, потврдено е за Српскаинфо.

Од полициската управа Бањалука соопштија дека случајот кај нив бил пријавен во 11 часот и 10 минути и дека заедно со судскиот вештак извршиле истрага, пишува Српскаинфо.

-За се е известена дежурната обвинителка на ОЈТ Бањалука – изјави за Српскаинфо Милана Стојановиќ, портпарол на ПУ Бањалука.

Очевидци велат дека биле шокирани кога виделе дека мажот се обесил од надворешната страна на зградата.

Повеќе детали за самоубиство:

Самоубиство — чин на намерно предизвикување на сопствената смрт. Факторите кои го предизвикуваат најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам и употреба на бензодиазепин. Други самоубиства вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање. Оние кои претходно се обиделе да извршат самоубиство, се изложени на поголем ризик за идните обиди. Напорите за спречување на самоубиството вклучуваат ограничување на пристапот до методи на самоубиство, како огнено оружје, дрога и отрови, третман на менталните нарушувања и злоупотребата на супстанции, правилно известување за самоубиство во медиумите и подобрување на економските услови. Иако постојат кризни линии, има малку докази за нивната ефективност.

Најчесто користениот метод на самоубиство варира помеѓу земјите и е делумно поврзан со достапноста на ефективни средства[10]. Заеднички методи вклучуваат бесење, труење со пестициди и со огнено оружје. Самоубиството резултирало со 828.000 смртни случаи на глобално ниво во 2015 година (зголемување од 712.000 смртни случаи во 1990 година). Според овие податоци, самоубиството е десетта водечка причина за смрт во светот.

Околу 0,5% до 1,4% од луѓето умираат од самоубиство, околу 12 на 100.000 лица годишно. Три четвртини од самоубиствата се појавуваат во земјите во развој. Стапките на извршени самоубиства се генерално повисоки кај мажите отколку кај жените, кои се движат од 1,5 пати повеќе во земјите во развој до 3,5 пати во развиените земји. Самоубиството е најчесто кај оние на возраст над 70 години. Сепак, во одредени земји оние на возраст меѓу 15 и 30 се со најголем ризик. Европа имала највисоки стапки на самоубиство по региони во 2015 година[14]. Секоја година се проценува дека има 10 до 20 милиони нефатални обиди за самоубиства. Нефаталните обиди за самоубиство може да доведат до повреда и долгорочни хендикепи. Во западниот свет, обидите се почести кај младите луѓе и жените.

Погледите за самоубиство биле под влијание на широки егзистенцијални теми како што се религијата, честа и смислата на животот. Аврамските религии традиционално го сметаат самоубиството за навреда кон Бога поради верувањето во светоста на животот. За време на ерата на самураите во Јапонија, формата на самоубиство била позната како сепуку, и истата била почитувана како средство за признавање на неуспех или како форма на протест. Сати претставувала пракса која била забранета од Британска Индија, според која пракса од индиската вдовица се очекувало или да се самоубие по погребот на нејзиниот сопруг, или доброволно или под притисок од нејзиното семејство и општество. Самоубиството и обидот за самоубиство, додека претходно биле нелегални, денес не се во поголемиот дел од западните земји. Во многу земји се смета за кривично дело. Во XX и XXI век, самоубиство се користело во ретки прилики како форма на протест, а камиказите и самоубиствените бомбашки напади се користеле како воена или терористичка тактика.

Самоубиството, познато и како завршено самоубиство, е „чин на земање на сопствениот живот“. Обидот за самоубиство или нефатално самоубиствено однесување е самоповредување со желбата да се стави крај на животот, кој не резултира со смрт. Асистирано самоубиство е кога еден поединец му помага на друг индиректно да ја спроведе сопствената смрт преку давање на совети или некои средства до неговиот крај.

Ова е спротивно на евтаназијата, кога друго лице презема поактивна улога во смртта на една личност. Кај самоубиствените идеи се мисли за крај на животот, но не преземаат никакви активни напори за тоа. Во убиство-самоубиство, поединецот има за цел да го одзема животот на другите во исто време. Посебен случај на ова е проширеното самоубиство, каде што убиството е мотивирано со тоа што ги гледа убиените лица како продолжување на сопственото.

Фактори кои влијаат на ризикот од самоубиство вклучуваат ментални нарушувања, злоупотреба на дрога, психолошки состојби, културни, семејни и социјални ситуации и генетика. Менталните нарушувања и злоупотребата на супстанции честопати коегзистираат. Други фактори на ризик вклучуваат претходен обид за самоубиство, достапност на средства за одземање живот, семејна историја на самоубиство или присуство на трауматска повреда на мозокот. На пример, стапките на самоубиства се поголеми кај домаќинствата со огнено оружје од оние без нив.

Социо-економските проблеми како што се невработеноста, сиромаштијата, бездомништвото и дискриминацијата можат да предизвикаат самоубиствони мисли. Околу 15-40% од луѓето оставаат белешка пред самоубиството. Воените ветерани имаат поголем ризик од самоубиство, делумно поради повисоките стапки на ментална болест, како што се посттрауматското стресно нарушување и физичките здравствени проблеми поврзани со војната. Се смета дека генетиката е помеѓу 38% и 55% од самоубиствените однесувања.

Менталните нарушувања често се присутни за време на самоубиството со проценки кои се движат од 27% до повеќе од 90%. Во Азија, стапките на ментални нарушувања се пониски отколку во западните земји. Од оние кои биле примени во психијатриска единица, нивниот животен ризик од самоубиство е околу 8,6%. Половина од сите луѓе кои умираат со самоубиство може да имаат големо депресивно нарушување; имајќи го ова или едно од другите нарушувања на расположението како што е биполарното нарушување, го зголемува ризикот од самоубиство до 20 пати. Други состојби вклучуваат шизофренија (14%), нарушувања на личноста (8%), биполарно растројство, опсесивно компулсивно нарушување, и посттрауматско стресно нарушување.

Други проценуваат дека кај околу половина од луѓето кои изавршиле самоубиство, може да биде дијагностицирано граничното растројство на личноста. Околу 5% од луѓето со шизофренија умираат од самоубиство. Нарушувањата во исхраната се уште една состојба со висок ризик.

Во приближно 80% од извршените самоубиства, поединецот го посетил лекарот во текот на годината пред нивната смрт, вклучувајќи 45% во претходниот месец. Околу 25-40% од оние кои изавршиле самоубиство имале контакт со службите за ментално здравје во претходната година. Антидепресивите на типот на SSRI го зголемуваат ризикот од самоубиство кај децата, но не го менуваат ризикот кај возрасните.

Претходна историја на обиди за самоубиство е најточен индикатор за изавршено самоубиство[13]. Околу 20% од самоубиствата имале претходен обид за самоубиство, а за оние кои се обиделе да извршат самоубиство, 1% изавршиле самоубиство во рок од една година[43], а повеќе од 5% умираат од самоубиство во рок од 10 години. Повеќето кои се самоповредуваат не се изложени на висок ризик од самоубиство[47]. Некои што се самоповредуваат, сепак, сè уште го завршуваат својот живот со самоубиство, а ризикот за самоповредување и самоубиство може да се преклопува.

За жал – телото излезе на површина, полицијата немаше потреба од дополнителна потрага – голема трагедија ја потресе соседна Србија

Голема трагедија денес, не едно, туку две тела излегоа од водите.

Се удваиле, а иако без потрага, телата биле исфрлени на површина.

Припадниците на Единицата за безбедност на реките во Белград околу 17 часот извлекле 20-годишна жена од Дунав.

Се претпоставува дека се работи за девојка од Опово која пред два дена скокнала од Панчевскиот мост. Телото било пронајдено во близина на фабриката за картон „Авала Ада“.

А набрзо потоа, нов шок – пронајдено уште едно тело, овојпат на маж.

Телото на човекот кој денеска се удави на Ада Циганлија се уште е во вода, дознава Телеграф.рс.

Според информациите на нашата екипа на терен, телото се наоѓа во близина на брегот, но се претпоставува дека се чека пристигнувањето на спасувачите кои ќе го извлечат.

На местото на несреќата има итната помош, полиција и голем број граѓани.

Во меѓувреме во редакцијата на Телеграф стигна информација дека уште едно лице се удавило на друг базен во Белград – Ади Хуџи.

Спасител на вода

Спасител на вода е лице кое ја нагледува безбедноста и ги спасува пливачите, сурферите и другите учесници во водните спортови во базени, водни паркови или планини. Спасувачите обучени за прва помош и добрите пливачи,обучени за спасување во вода користат различни помагала и опрема во зависност од барањата на определено место.Во некои области спасувачите се дел од сервисот за итни случаи,но и на инциденти и во некои општества спасувачите изведуваат планински спасувања или функционираат како основен обезбедувач на ЕМС

Спасувачот е одговорен за безбедноста на луѓето во водата и вообичаено определената област,моменталното опкружување или да се присобобување кон тоа, како на пример: плажа одма до океан или езеро.Приоритет е да се обезбеди безбедност во областа каде се одговорни.Спасувачите обично ја прифаќаат оваа одговорност како за вработување,иако тие можат да бидат и волунтери. Условите кое резулираат со давање се сумирани во синџирот за давање каде што секој однос може да доведе до несреќи или да придонесе за невнимание.Недостатокот на образование за безбедност во вода или локални услови,недостаток од безбедносни совети(на пр:за обука на плажа),недостаток од заштита (како немање на гума за пливање за слаб пливач),неправилно наблудување или неспособност да се справи со условите(добар сурфер со слаб пливач).

Синџирот за давење обезбедува јасни основи за заштита од давење и вклучува

редуцирање и информирање

обезбедување на предупредувања

забрана за влез

супервизија

обучување во преживувачки услови.

Спасувачот е во можност да ги обезбеди овие сегменти за да помогне во спречувањето на давењата(или др.инцидент)во нивната област на одговорност и поради ова причина ова треба да биде како основен фокус на активности на спасувачите,бидејќи е подобро да спречи да се појави несреќа,туку да реагира подоцна откако се појавила.Ова значи дека ефективноста на спасувачите може да се согледа не во бројот на спасувања или во вештините кои тие ги изведуваат,туку во намалување на давење,инциденти и други итни медицински случаи. Се разбира спасувачите мора да бидат обучени,способни и спремни за реагирање во итни случаи, способностите треба да останат задолжителни, бидејќи е невозможно да се заштитат сите несреќи кои се појавуваат без одење на неприфатлива цена.Ова е клучна цел на популарната структурна врска,како Бајвач,што на времето беше едно од најгледаните емисии на светот.

Должности
Клучна одговорност на спасувачите на плажата(вообичаено како дел од тимот,но на некои места од спасувачите се бара да работат сами),се:

спроведување на правилата за предвидуање на проблемите/повредите.

Одржување на концетрацијата за наблудување во област во кој се одговорни и неговите пливачи за предвидување на проблемите(ова овозможува на спасувачите да реагират со едно од мерките за заштита од давење и за индетификување на проблемот брзо).

Нагледување на друга опрема кога е назначен за таа одговорност(како:водни слајдови,или дрги активности кои заземаат место).

Врши спасување и извршување на други итни случаи кога е потребно.

Давање на моментална прва помош во случај на повреда на капач или друг инцидент.

Комуницирање со капач и други корисници за исполнување на погоре наведените задачи.

Спасувачите може да имаат други одговорности како на пример чистење,пополнување на документи,проверување на ПХ нивито на хлорот во базентите или се главен извор на информации. Многу е важно е дека спасувачите никогаш не дозволуваат нивните вторични одговорности да се помешат со првичните.

Исто така може да се бара од спасувачите да присуствуваат на привремени средби во текот на работењето, со цел на зајакнување на нивните вештини во спасувањата.

Определување типови на пливач

Додека се врши наблудување на пливачите(вообичаено од издигнатата позиција или позиција на ниво на водата или седечка позиција),спасувачите гледаат да препознат пливач кој се бори или се дави и пливачите со ненајдена медицинска состојба како, удар,срцев напад,астма,диабетис или треска.

Соодветното наблудување е клучна одговорност на спасувачите и тие гледаат по пливачите во различни категории и услови.

Пасивни жртви што се дават се неактивни во водата, пловат на површината или на дното кога спасувачот забележи од овај тип пливач изведува спасување од итен случај.

Активни жртви што се дават или вознемирени пливачи со носени во водата додека се обидуваат да останат на површината.

Спасувачите гледаат по пливачите во вакви состојби со гледање на раце што мрдат или мавтаат странично( со напор да се издигне над водата и овозможувајќи за главата да остане на површина над водата ),потребно исправување на телото и неподржувачки удар.

Ова однесивање е познато како инстиктивен одговор за давење.Спасувачите изведуваат спасување од итен случај да му помогнат на овај тип пливач.

Возбудени пливачи имаат проблем со пливањето најверојатно од премореност и можеби ќе викаат или не викаат за помош.Спасувачите вообичаено отпливуваат да им помогнат на овие пливачи до страната.Ова можеби ќе бара или не дополнителни подршки.

Нормален пливач (Здрави пливачи) се оние на кои не им треба никаква поддршка и можат да пливат самите.

Локации
Спасувачите можат да бидат најдени наблудувајќи многу различни типови на вода и секој тип има свои различни карактеристики,одговорности и предизвици.Локации каде спасувачите можат да се најдат:

Океанска плажа спасувачите се заедничко поврзани со плажите и често се смета за најпредизвикувачка средина на спасувачите поради влијанието на надворешните фактори како времето,струи,приливи и бранови.

Внатрешен објект со водакаде спасувачите можат да ги набљудуваат отворените области со вода,како езера дури и реки каде пливачите можат да собираат.

Базенти за пливање, базенти и внатрешни и надворешни се под надзор од спасувачи иако не се кваликафувани а дали и има.

Водни паркови:додека водните паркови се еден тип на базенти и се сметаат за различни типови на објекти,бидејќи тие можат да вклучат дополнителни карактеристиќи како на пр:водни слајдови и генератор за бранови.

Океанска лагуна или приливен базент, но како базенти сите имаат ограничени и загадени обалсти,и има потенцијал за дополнителен загадувач над и под вештачки базент.

Отворен океан во некои случаи луѓето може да пливаат на отворен океан од брод поради ова причина мора да бидат вработени спасувачи.

МНОГУ ВАЖНА ВЕСТ: Затворен важен оддел на Клиниката во Скопје – ова се деталите

Привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавиле по вчерашното невреме, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали.

– Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот:

пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово – се вели во соопштението.

Вчерашното невреме во Скопје не беше неочекуван феномен или ретка појава туку локални краткотрајни дождови кои се повторуваат на 5 години. Хидрологот Атанас Угрински од УХМР вели дека со вчерашните врнежи воопшто не биле засегнати речните сливови и немало зголемување на водостојот на реките. Ветрот и градот како и немањето на доволно зелени површини во градот кои би ја впиле водата се дел од причините за создавање на водните базени на повеќе улици во метрополата, објаснуваат експерти.

– Според мерните станици во Гази Баба имавме 35 литри, односно 20 литри на еден час и ваков интензитет на дожд се јавува на 5 години и тоа не е така ретка појава. Вчерашните дождови беа проследени со ветер и град и тоа дополнително придонесе до затнување на атмосверските канализации, вели Атанас Угрински хидролог во УХМР.

Од УХМР велат дека секојдневно, понекогаш и неколку пати во денот доставуваат информации до сите релевантни институции за временската состојба и најави за дестабилизација. Вчерашните 35 литри во одредени скопски региони беа причина за поплавени улици и домови. Што би значеле во главниот град интензитет на врнежи и со повеќе од 50 литри?

-Ова вчера ни од далеку не можеме да ги споредиме со она што се случи во 2016 година во Стајковци ниту според количина, ниту според интензитет, вели Угрински.

Според најавите од УХМР, нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи ќе има до петок. Ова стои како метео предупредување на веб стреанта на Управата за хидрометеоролошки работи.

Градоначалничката Данела Арсовска вечерта излезе на терен, а потоа свика и прес-конференција на која ги пофали екипите на Град Скопје, а вината за тоа што беше поплавен цел град ја фрли на несоодветната атмосферска канализација која, како што потенцираше, нејзините претходници не ја решиле соодветно. Пристигнаа реакции околу невремето и од архитекти. Според поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитектите, Даница Павловска, причината за последиците од поплавата е што системите за атмосферска канализација не се добро поставени, изградени и димензионирани

Вчерашното невреме во Скопје буквално предизвика катаклизма. Поплавени улици, покриви кои буквално летаа од згради и од други објекти, искршени дрвја паднати и врз автомобили, поплавени објекти, градинки, меѓу кои и новиот трговски центар „Ист гејт“ и Градскиот трговски центар се последиците од силните пороен дожд и ветер, кои за половина час предизвикаа бројни штети во главниот град. Поплавените улици го парализираа сообраќајот, а автомобилите што останаа на подвозниците кои беа под вода, чекаа да бидат извлечени од надлежните служби.

Надлежните градски и општински служби, пред сè од Центар, Аеродром и од Кисела Вода цела ноќ интервенираа околу отстранувањето на последиците од невремето, ги извлекуваа заглавените автомобили, пред сè кај подвозниците, за вчера изутрина да се нормализира состојбата со сообраќајот. Од полноќ, состојбата на сите сообраќајници беше нормализирана, а сообраќајот и јавниот градски превоз продолжија нормално да се одвиваат, посочуваат од ЦУК.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вечерта излезе на терен, а потоа свика прес-конференција на која ги пофали екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Пожарната бригада за навремената реакција. Вината за тоа што беше поплавен цел град Арсовска ја фрли на несоодветната атмосферска канализација која, како што потенцираше, нејзините претходници не ја решиле соодветно.

– Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин ќе ги решиме овие предизвици. Дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација – рече Арсовска.

Архитектката и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска, потврдува дека првиот впечаток по невремето е дека не се добро поставени, изградени и димензионирани системите за атмосферска канализација, но, сепак, не е сè така.

– Се работи за комплексен проблем, кој треба да се третира од повеќе аспекти. Системите за атмосферска канализација се само една димензија на проблемот. Она што го бараме ние, како професионалци, е интегрален пристап на обликување на просторот, односно неговото користење. Во просторот, тие физички структури што ги осмислуваме треба да овозможат квалитет на живеење и безбедност – децидна е Павловска.

Според неа, со едноставни зборови, тоа значи ако се предвидат во плановите повеќе слободни површини, парковски и зелени, непокриени со бетон и асфалт, тогаш и енормните количини вода од природата ќе бидат впиени и ќе бидат помали штетите, а, можеби, и воопшто ќе ги нема, децидна е Павловска.

Затоа, таа вели дека апелите од архитектите во претходниот период за повеќе зеленило и паркови и да не се дозволи густа изграденост на просторот не биле случајни.

Инаку, по невремето, на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 биле примени околу 180 пријави. Од нив, како што информираат од ЦУК, 80 биле за поплавени простории од објекти, 40 за паднати дрвја, по 20 за оштетени возила и поплавени улици и подвозници, 15 за оштетени покривни конструкции и пет пријави за скинати проводници, накосени бандери и други проблеми со струјата.

Пријавите, според приоритетот, биле проследени до: Бригадата за противпожарна заштита БППЗ, Градот Скопје, општините и јавните претпријатија во Градот.

– Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ), по невремето, со свои екипи интервенирала во десетина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и од критичните места.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека вечерта и ноќта работеле со цистерни и со вакуум цистерни на исцрпување на насобраната вода и на отнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници), и по пријави на граѓани, на уште 40-ина други места – извесуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека од ЕВН соопштиле дека дефектите во електросистемот, настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината, во текот на ноќта биле отстранети, освен кон селата Дворце и Радуша во Општина Сарај, каде што жителите сè уште се без електрична енергија.

Од јавното претпријатие „Улици и патишта“ информираа дека по невремето интервенирале со цела оператива и механизација на терен и притоа биле поделени на реони за да работат на расчистување на улиците и на тротоарите за нормализирање на сообраќајот.

Оттаму велат дека имало интервенции за расчистување на сливниците и на паднатите дрвја на булеварите „Партизански одреди“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Кочо Рацин“, „Филип Втори“, подвозникот на булеварот „Киро Глигоров“, булеварот „Јане Сандански“ ,булеварот „Гоце Делчев“ кај МТВ, кејот „Димитар Влахов“ и други. Додека во сите општини каде што се јавила потреба, имало санација на дефектите на семафорите.

– Настанатите последици на светлосната сигнализација сè уште се санираат на терен и ќе продолжат во текот на целиот ден, со цел воспоставување нормално функционирање и безбедност во сообраќајот – нагласуваат од ЈП „Улици и патишта“ и додаваат дека биле санирани и оштетените плочи на плоштадот „Македонија” кај фонтаната и дека екипите и понатаму продолжуваат со активностите за нормализирање на светлосната сигнализација на градските крстосници.

Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ интервенирале со ангажирање на 100 работници и механизација од седум камиони и две платформи. Тие работеле до 02 часот наутро, при што биле расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.

Во текот на вчерашниот ден, од 17 до 24 часот, добиле 77 пријави за различни локации и 119 паднати дрвја во градот, без оние во Градскиот парк.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ соопштија дека утринава на терен биле присутни работниците од секторите: Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација, кои работеле на повеќе локации сè до целосно расчистување и нормализирање на градот.

Оттаму прецизираат дека во моментов се работи во Чаир, Топаанско Поле, Карпош, „Партизанска“, Аеродром, кај Собранието на Град Скопје, а ќе се продолжи и натаму каде има потреба од интервенција.

– Утринава имаше состанок општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите, кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата – изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по завршувањето на состанокот на Штабот.

Тој информираше дека до Општината пристигнале многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахти и сливници и оти сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Герасимовски упати апел до граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во периодите на поројни дождови, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затвораат прозорците и доколку прокиснува во објектот, соодветно да се обезбеди.

На терен се ангажирани и сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага Општината Аеродром и наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти што го попречуваат движењето на граѓаните и претставуваат опасност, велат оттаму.

Инаку, вчера до Општината пристигнале над 40 пријави од граѓани. Од невремето биле забележани и пријавени неколку паднати здрави и зелени дрвја, а причинета е и материјална штета. Освен тоа, отворена е линија за пријавување штета од невремето – 2400970, која сè уште е во функција, и тоа од 08 до 16 часот.

Во Општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеле штета, главно од силниот ветар, кој однел натстрешници, гранки и откорнал делови од покриви.

Од локалната самоуправа ги упатуваат граѓаните да ги пријават штетите во општинската барака 12, соба 4, кај Далибор Стојановски или на телефонскиот број 070/259-873, известуваат дека будно ја следат метеоролошката состојба и оти се ставени на располагање сите расположливи ресурси на Општината.

– Во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и со службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме – се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.

Претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вчера, пак, со жалење констатираше дека иако се утврдени штети во седум општини кои беа зафатени од завчерашното невреме, ниту една владина институција не ѝ понудила помош на ниту една општина за справување со последиците од поројниот дожд и ветрот.

Не одете на бајачки да ви растураат клетви: Повторувајте ја оваа молитва и Бог сигурно ќе ви помогне

Ова е најкратката молитва што постои – се верува дека има неверојатна моќ и дека помага кога мислите дека некој ви фрлил при клетва и уроци. Обидете се и ќе видите, ќе добиете нова енергија, волја, ќе бидете помирени, а проблемите полека ќе почнат да се решаваат.

Кога лошите работи ќе почнат да ви се случуваат во животот, и никако се да ви тргне на подобро, луѓето веруваат дека некој на нив фрлил клетва проклетството или ги урочил.

Исто така, постојат многу методи за „отстранување” на овие уроци и клетви, за кои многу бараат помош од шарлатаните кои ќе го направи тоа за само 10 евра.

Но, навистина нема ништо што може повеќе да ве заштити од сé што е негативно од искрена молитва.

Верниците знаат дека одењето кај бајачките и видовитите луѓе е еден од пострашните гревови. Ако сте еден од нив, откажете се од бапските приказни и молете се кога чувствувате потреба за тоа. „Господи Исусе Христе, сине Божји, помилувај ме грешниот“ се зборовите од молитвата на Исус.

Ова е најкратката молитва што постои, но монасите и свештениците тврдат дека е толку моќна што со искрена вера може да ги помести планините.

Обрати му се на Бога искрено и Бог сигурно ќе ве чуе. Ако се прашувате кога да се молите за подобрување, нема прецизно време. Направете го тоа кога најмногу ќе ви пријае, и особено кога сметате дека најмногу ви е потребна молитвата. Обидете се и ќе видите, ќе добиете нова енергија, волја, ќе бидете помирени и поспокојни, а проблемите полека ќе почнат сигурно да се решаваат.

Кога молитвата ќе го очисти сето она негативно што е собрано во вас, наводно ќе исчезне и причините поради која мислите дека некој ве урочил или проколнал.

Повеќе за клетви:

Клетва (или колнење) е форма на говор при што (спротивно од благословите) се посакува да се случи нешто лошо.

Разни видови на клетви се појавуваат уште во предисториските култури, а денес голем дел од клетвите се присобрани од фолклорните дејци како „народни умотворби“.

Клетва според народното верување, иако вербална, претставувала тежок облики на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Најтешки клетви биле крвните: од родителот, братот, сестрата; клетвите од кумот, пријателот кој помагал во неволја, побратимот или луѓето на кои им било нанесено зло исто така се сметале за тешки. Животните и билките исто така можеле да го проколнат човекот, особено ако чинел зло врз нив постојано и со намера.

Жените своите клетви понекогаш ги театрализирале со распетлани кошули, разголени гради, со расплетување или сечење на косата, со клетва која добивала облик на песна, дури и римувана како тажаленка. Но колнењето имало сопствена реперкусија, криво изречената клетва најчесто се враќала, на оној кој колне, но и на неговото потомство. Во народот влаедеело верувањето дека клетвата за дете претставува потешка казна од тепањето.

Клетвата претставува отворена и партнерска комуникација со оној свет, повикување на оностраното е под призма на истерување на правда и во определени периоди ја има улогата на институција. Според некои верувања машката клетва е многу посилна од женската, тоа се објаснува со апотропејна улога на накитот кој е од метал и претставува пречка за комуникација со оностраното.

Клетвата е многупати поврзана со обредно исползување на магиските елементи кои имаат важна улога во зацврстување на вербалното казнување. Кај македонскиот народ е забележано фрлање на камен кон проколнатиот и клетвите поврзани со неговите карактеристики “Кога каменот ќе се врне и тој да се врне” или “Камен да се стори”.

Засилување на клетвата се вршело и со допирање на земјата (изразување блискост и барање поддршка од мртвите и од демонските битија), како и со разголување (симнување на облеката овозможувала полесен и понепосреден контакт со оностраното), како и со самоповредување (симболично жртвување). Во Малешевијата е познато коленичење, при што разранувањето на колениците (некаде и лактовите) претставува непосредно, крвно врзување со натприродните битија од кои се побарува помош.

Нашите предци практикувале и колективна клетва, најчесто таа имала за цел протерување и отстранување на некоја личност или семејство од заедничкото живеалиште. Ваквиот облик на колнење е карактеристичен за Црна Гора, но бил забележан и во другите краишта.

Како најстрашни сепак се забележани клетвите од родителите или од кумот. Секоја криво изречена клетва се враќа повеќекратно. Залудно и лажно колнење се пренесувало казна на потомството, низ генерации. Постоеле верувања дека клетвата може да се отклони со магиските елементи и со помош на натприродните битија.

Во страв од проколнување кај нашите народи се забележани помирувања во племенските заедници, прекинувања на крвните одмазди, градење на храмови и др.

Бајач измамил жена од скопската населба Карпош

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека во текот на јуни во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач.

Како што соопшти денеска МВР, жената на 30 јуни на М.Ш. му дала златен накит кој, наводно го закопал во нејзиниот двор.
Според пријавеното, откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена.

Случајот бил пријавен во Полициска станица Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Жена остана без златен накит откако била измамена од бајач

Жена остана без златен накит откако била измамена од бајач

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач.

Како што соопшти денеска МВР, жената на 30 јуни 2021 година на М.Ш. му дала златен накит којшто наводно го закопал во нејзиниот двор.

Според пријавеното, откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена. Случајот бил пријавен во Полициска станица Карпош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бајач измамил скопјанка – ѝ побарал накит за да го закопа во двор, но си го зел со себе

Измамник украл накит од скопјанка.

Според информациите на полицијата, 68-годишна жена од Карпош пријавила дека во нејзиниот дом дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач.

Таа му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.

„Откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не одев на лекар бидејќи се плашев, добив РАК – имам СОВЕТ за сите вас, едно нешто мора да знаете

Саша Фарел има само 23 години и има рак.

Сега открива што придонело за тоа да ја добие оваа тешка болест и ве предупредува да не го правите истото.

Ви пренесуваме само дел од нејзината исповед која таа ја објави за сајтот „Elite Daily“.

„Во месец февруари минатата година ми беше дијагностициран меланом, кој е метастазиран во четврти стадиум. Никогаш не сум мислела дека тоа е нешто со што ќе се соочам на само 23 години. Еве ме, речиси заздравувам и живеам во иста соба во куќата на родителите каде и пораснав. Секогаш бев доста внимателна кога станува збор за изложување на сонце. Само еднаш сум била на солариум. Една единствена бемка на мојата глава промени сè.

Го одложував одењето на лекар, бидејќи се плашев, додека не ми кажаа дека повеќе не можам да излегувам надвор. Чувствував дека со моето тело нешто не е во ред. Многумина го немаат овој луксуз, додека не стане предоцна. Кога разбрав што ми се случило целосно го прекинав контактот со сите. Не сакав да ме сожалуваат. Физички се чувствував добро, но психички – бев во тотален хаос.

Се плашев. Не од игли и скалпер, туку од резултатите. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца? Операцијата, која требаше да трае три часа – траеше седум. Ми ги отстранија сите 69 лимфни јазли на левата страна на вратот. Во четири од нив веќе беше се имаше развиено рак.

Потоа отидов и на хемотерапија. Се надевам дека тоа ќе им помогне на сите, да се одлучат навремено да побараат лекарска консултација и преглед.

Само еден од пет Американци добиваат дијагноза рак на кожата еднаш во животот. Чувајте ја својата кожа, бидејќи нема можност да се добие друга“ препорачува ова млада и храбра девојка.

Повеќе за оваа болест:

Рак (медицински термин: злоќудна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три злоќудни својства го одвојуваат ракот од доброќудните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.

Видовите на рак се класифицираат според видот на клетки кои наликуваат на тумор, и според тоа, на ткивото за кое се претпоставува дека е зачеток на туморот. Подолу е хистологијата и местоположбата на видовите рак. Примери за неколку општи категории се:

Карцином: Злоќудни тумори кои потекнуваат од епителни клетки. Во оваа група припаѓаат најчестите видови на рак, вклучувајќи ги ракот на дојката, простатата, белите дробови и дебелото црево.

Сарком: Злоќудни тумори кои потекнуваат од сврзните ткива, или мезенхималните клетки.

Лимфом и леукемија: Злоќудноми кои потекнуваат од хематопоетските (крвотворните) клетки

Бактериски рак: Тумори кои потекнуваат од тотипотентните клетки. Кај возрасните најчесто може да се најде во тестисите и јајчниците, додека кај фетусите, бебињата и малите деца најчесто се наоѓаат во средишниот дел на телото, на врвот на опашната коска, а кај коњите во основата на черепот.

Бластен тумор или бластом: Тумор (обично малигнен) кој наликува на незрело или ембрионско ткиво. Овие тумори се најчести кај децата.

Злоќудните тумори (видови рак) обично се именуваат користејќи –карцином, -сарком или –бластом како наставка, и латинскиот или грчкиот збор за органот од кој потекнуваат како корен на името. На пример, ракот на црниот дроб се нарекува хепатокарцином, ракот на масните клетки- липосарком итн. Доброќудните тумори (кои не се рак) се именуваат користејќи –ом како наставка, и името на органот како корен. На пример, бенигнен тумор на мазната мускулатура на матката се нарекува леиомиом (почест израз за овој вид тумор е фиброид). За жал, и некои видови рак ја користат наставката –ом, како што е случајот со меланом и семином.

Знаци и симптоми

Симптомите на рак можеме грубо да ги поделиме во три групи:

Локални симптоми: невообичаени грутки или отекувања (тумори), крварење, болка и/или улцерација. Притискањето на околните ткива може да предизвика симптоми како жолтица (пожолтување на очите и кожата).

Симптоми на метастаза (ширење): зголемени лимфни јазли, кашлица и хепатомегалија (зголемен црн дроб), болка во коските, кршливост на заразените коски и невролошки симптоми. Иако ракот во напредна фаза може да предизвика болка, таа најчесто не е првиот симптом.

Системски симптоми: губење на тежина, слаб апетит, исцрпеност, кахексија, прекумерно потење, анемија (слабокрвност) и специфични паранеопластични феномени, т.е. специфични услови кои се должат на активниот рак, како тромбоза или хормонални промени.

Секој симптом од горенаведените може да биде предизвикан од различни услови (листа која се нарекува диференцијална дијагноза). Ракот може, но не мора да биде заедничка за причина за секој од нив.

Видовите на рак пред се, се болест на животната средина, со 90-95% од случаите кои се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10% кои се должат на генетиката.[1] Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина.

Патогенезата на ракот може да се следи назад до мутациите во ДНА-та кои влијаат на растот на клетките и метастазите. Супстанциите кои ги предизвикуваат овие мутации се познати како мутагени, а мутагените што предизвикуваат рак се познати како карциногени. Посебни супстанции се поврзуваат со посебни видови на рак. Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот, и е причинител на 90% на рак на бели дробови. Долгото изложување на азбестни влакна е поврзано со појава на мезотелиом. Многу мутагени се и карциногени, но некои карциногени не се мутагени. Алкохолот е пример за хемиски карциноген што не е мутаген. Вакви хемикалии можат да го поттикнат ракот со стимулација на стапката на клеточна делба. Поголема стапка на репликација, остава помалку време за репараторните ензими да ја поправат оштетената ДНА за време на репликацијата, со што се зголемува можноста за мутација. Децении на истражување ја покажаа врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови, грлото, главата, вратот, стомакот, мочниот меур, бубрезите, хранопроводот и панкреасот. Чадот од цигарите содржи преку 50 познати карциногени, вклучувајќи ги нитросамините и полицикличните ароматични јаглеводороди. Тутунот е одговорен за еден од три смртни случаи предизвикани од рак во развиените земји, и еден од пет смртни случаи во целиот свет. И навистина, ракот на белите дробови во Соединетите Американски Држави е пропорционален на пушачките навики, кои се зголемиле и со тоа стапката на ракот на бели дробови драматично се покачила, а од понеодамна се намалиле и со тоа се намалила и смртноста од овој вид на рак. Сепак, бројот на пушачи во светот се` уште расте, водејќи до состојба која некои од организациите ја опишуваат како „тутунска епидемија“. 2-20% од случаите се претставени со рак поврзан со работното место, професијата. Секоја година, најмалку 200 илјади луѓе ширум светот умираат од рак поврзан со нивното работно место. Милиони работници имаат ризик да заболат од рак, како рак на белите дробови или мезотелиом, што се добива при вдишување азбестни влакна и чад од цигари, или леукемија, ако на нивните работни места се изложени на бензен. Во моментов, најголем број на смртни случаи од рак поврзан со работното место се случуваат во развиениот свет. Според пресметките, секоја година во Соединетите Американски Држави има околу 20 илјади смртни случаи од рак и 40 илјади нови заболени.

Рак можат да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон. Долготрајното изложување на ултравиолетово зрачење од сонцето може да доведе до појава на меланом и други злоќуднитети на кожата. Според еден извештај, околу 29 илјади на идни случаи на заболувања од рак ќе бидат последица од 70 милиони компјутеризирани томографии извршени во Соединетите Американски Држави. Проценето е дека 0,4 % од сегашните заболувања од рак во САД се должат на компјутеризирани томографии извршени во минатото и дека овој процент може да се зголеми и до 1,5-2% според стапката на користење на овие скенирања. Нејонизирачко радиофреквентно зрачење од мобилните телефони и другите слични уреди кои користат радиофреквенции е исто така наведено како причинител на рак, но сè уште нема доволно докази да се поткрепи оваа теза.

Ако имате професор или наставник кој ви е близок, побарајте да ЧЕСТИ – големо покачување на платата

„Достоинствено го вреднуваме трудот на наставниците“.

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти.

Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.

Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има.

Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.

Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието.

Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.

Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.

Нова учебна година, нов предизвик – надлежните најавуваат успешен почеток, без проблеми

На ден пред стартот на учебната година, наставници итаат кон општинските згради за да ги земаат прирачниците за прво, второ, четврто и петто одделение од кои учениците во првите месеци ќе учат, бидејќи учебниците не се готови.

На ажурност ги повика и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој посочи дека децата сепак не се оставени на цедило и од утре ќе имаат од што да читаат. Според него, материјалите се квалитетни и интерактивни, а учебната година се започнува со подобра подготвеност од претходните.

Прирачниците за учење не се како испечатени листови, имаат и тенки корици, опфаќаат дел од програмата за првото тримесечие, а се поделени по десетина страници за предмет. Сепак, во првите страници има материјали за македонски јазик, во вторите математика, а останитете се поделени за други предмети, што значи дека за секое дете има по една книга за сите предмети.

Во меѓувреме, во училиштата освен материјали за учење се расчистуваат ходниците за идните првачиња кои со прослава ќе го започнат својот прв училишен ден.

Дел од раководителите и директорите велат дека годинава е олеснување што нема протоколи и барем не мора да се носат маски, но освен учебниците грижите се и за високите сметки за струја кои се очекувани поради кризата.

Инаку, МОН се уште ги брои запишаните основци годинава, па велат точните податоци ќе ги имаат наредниот месец. Според досега пристигнатите податоци во Министерството, во новата учебна година запишани се без малку 18.000 првачиња.

Работна група во МОН ќе биде во координација со надлежните институции за греењето на училиштата

Во Министерството за образование и наука е формирана работна група која е во координација со министерствата за економија и за финансии и со други надлежни институции, соопшти министерот Јетон Шаќири одговарајќи на прашањето дали МОН има план за затоплување на училиштата во зима во услови на енергетска криза.

– Очекувам ние да имаме отворени училишта, добро да соработуваме, централната власт со локалните самоуправи, добро да ги менаџираме училиштата и најважното тие да ни бидат отворени, рече Шаќири на прес-конференцијата.

На прашање дали ќе се признаваат дипломите од верски образовни институции при упис на факултет, министерот одговори дека МОН поднел Предлог-закон и оти вчера на седница на Влада побарал да се најде решение.

-МОН поднесе Предлог-закон. Голем број ученици кои завршија во верските училишта се обраќаат до институциите. Мислам дека ќе се реши проблемот, ќе се вметнат во образовниот систем и ќе имаат еднакви можности да конкурираат во високото образование, додаде Шаќири.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пак ја изненади почетокот на учебната година

Криминални тендери не забораваат, ама учебници за децата за жал да.

Министерот за образование е целосно одлепен од реалноста. Неговата изјава дека ја почнуваат учебната година поподготвени од претходните би била смешна да не е трагична.

Почетокот на учебната година повторно ја изненади неспособната власт на СДС и ДУИ. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни книги за наставниците и многу други пропусти. Целосна неподготвеност. Очигледно оваа власт е зафатена со криминалот и корупцијата затоа се случува распад систем во секоја област. Најстрашно е што неспособноста и криминалот на власта паѓа на грбот на учениците, наставниците и родителите.

Учебната година почнува без испечатени учебници за децата во прво, второ, четврто и петто одделение. Тоа е срамно и бедно. Власта која не пропушта навреме за себе да си набави службени возила, мебел, шкампи, виски и октоподи, не обезбедила навреме учебници за учениците.

Очигледно криминалот е врвниот приоритет на оваа влада. Со учебниците прават пиши бриши, укинуваат предмети, тераат матни набавки и за жал ги забораваат најмладите. Уништувањето на образованието како да е целта на оваа власт, бидејќи дерогирање на образованието води кон забрзано уништување на државата.

Ова мора да престане, а најдобар начин е оваа антимакедонска власт предводена од СДС да си замине од власт.

Нерамноправен старт во новата учебна година за основците

Задутре започнува новата учебна година, а дел од основците нема да почнат да учат од учебници, туку од други материјали. Доцнењето на учебниците за учениците во прво, второ, четврто и петто одделение се должи на незавршените постапки за нивно одобрување, за предметите за кои има измени во наставната програма. Од МОН велат дека дистибуцијата на материјалите што ќе ги заменат учебниците ќе заврши до почетокот на учебната година.

Новата учебна година која започнува за два дена ги става основците во нерамноправна положба. За разлика од останатите основци, тие кои ќе стартуваат во прво, второ, четврто и петто одделение нема да ја започнат школската година со учебници според новата програма, туку ќе учат од други материјали. Од Министерството за образование велат дека доцнењето на новите учебници се должи на незавршените постапки за одобрување, согласно измените во наставните програми во дел од предметите.

Во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, велат од Министерство за образование и наука.

Од МОН велат дека дистибуцијата на материјалите што ќе ги заменат учебниците за предметите за кои се изготвени нови наставни програми ќе биде завршена пред стартот на новата учебна година.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје.

Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден, од Министерството за образование апелираат до раководствата на основните училишта да ги подигнат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот школски ден.

Учениците од четврто и петто одделение ќе добијат учебници и во електронска форма , откако тие ќе бидат изработени, по претходно одобрување, согласно измените во наставната програма.

Голема трагедија: 20-месечно бебе загина откако град со големина на јаболко паѓаше од небото – настанот се случил во Шпанија

Голема трагедија која ја потресе цела Европа.

Вакво нешто не се памети. Почивај во мир младо момче..

20-месечно бебе загина откако беше погодено од град за време на невремето во шпанскиот град Ла Бисбал д’Емпорда, соопштија властите.

Градоначалничката Карма Вал за шпанската национална телевизија изјави дека бебето било со нејзините родители кога вчера го удрила топка мраз и дека починала утрово во болница, пренесе АП.

Како што изјавила Вал, повеќе од 20 лица добиле повреди по невремето, а многу автомобили и згради биле оштетени од градот.

Силни бури се предвидуваат за источна Шпанија по летните топлотни бранови, на копно и во Средоземното Море, јавува АП.

Невреме – која било опасна метеоролошка појава со потенцијал да предизвика штета, сериозно општествено нарушување или загуба на човечки живот. Видовите на тешки временски појави се менуваат во зависност од географската ширина, надморската височина, топографијата и атмосферските услови.

Силен ветер, град, прекумерни врнежи и пожари се облици и ефекти на јако невреме, како и грмотевици, врнежи, торнада, поплави, тропски циклони и екстратропски циклони. Регионални и сезонски тешки временски појави вклучуваат снежни бури, ледени бури и песочни бури.

ЦУК: Најмногу пријави за поплавени простории и за паднати дрва од вчерашното невреме

По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои вчера попладне го зафатија Скопје на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 беа примени околу 180 пријави. Од нив, за поплавени простории од објекти – 80, за паднати дрва – 40, за оштетени возила и поплавени улици и подвозници – по 20, оштетени кровни конструкции – 15, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со струја – пет.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи – ЦУК, сите овие пријави и проблеми за нивно решавање редоследно по приоритет биле проследени до: Бригадата за противпожарна заштита БППЗ, Градот Скопје, општините и јавните претпријатија во Градот.

БППЗ на Град Скопје после невремето со нивни екипи интервенирале во десетина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места.

– На скопските сообраќајници од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека вечерта и ноќта со цистерни и вакум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници) и исто така по пријави на граѓани на уште 40-тина други места. Утрово состојбата е нормализирана, наведуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека од ЕВН известуваат дека дефектите во страна, дефектите во електро системот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети освен кон селата Дворце и Радуша во Општината Сарај каде жителите се уште се без електрична енергија.

– Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП Скопје од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвивива нормално, посочуваат од ЦУК.

Михаел Рот во посета на Скопје – уставни измени за да продолжат пристапните преговори

Тоа е наша обврска, на политичарите од Европската Унија и од Германија, да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди.

Се надевам дека ќе се создадат услови за уставни измени во македонското Собрание со цел да се вметнат Бугарите во Уставот и да се забрза темпото на преговори на Македонија со ЕУ- порача поранешниот министер за Европа и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг Михаел Рот кој е во посета на Скопје. По средбата со претседателот Пендаровски тој кажа дека обврска имаат и европските претставници во идниот период да имаат засилена дипломатска офанзива во земјава за граѓаните да се охрабрат, во време кога се разочарани и фрустрирани од евроинтеграцијата. Никој не може да очекува дека за година или две ќе се подобри ситуацијата, но Македонија направи многу, а остана уште малку за работа- изјави Рот.

-Тоа е наша обврска, на политичарите од Европската Унија и од Германија, да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди. Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за уставните промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја,вели Михаел Рот – пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика.

Пораката дека Парламентот треба да преземе чекори за непречен тек на преговорите со Европската Унија, Рот му ја пренел и на претседателот на Собрание, Талат Џафери, со уверување дека уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец или Македонка, а Германија ќе стои цврсто зад исполнување на ветувањата кон Македонија. Како претседател на германската Комисија за надворешна политика, Рот во Собранието се сретна и со неговиот колега Антонио Милошоски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ лично му го кажал ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени.

-Изразив жалење што ЕУ не успеа да го спречи агресивниот ревизионизам од Бугарија по однос на самобитноста и етногенезата на македонскиот народ. Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, – напиша Милошоски на Фејсбук.

Во однос на идентитетот и загриженоста кај опозицијата, Рот вели дека никој не може да се меша.

-ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута, туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира Европската Унија,истакна Михаел Рот – пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика.

Германскиот пратеник се сретна и со вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој е познат поддржувач на патот на Македонија кон ЕУ уште од времето кога ја извршуваше функцијата државен секретар за Европа во владата на Меркел, и е првиот европски политичар кој доаѓа во земјава по означувањето на почетокот на преговорите, во нашиот случај условени со уставните измени.

Михаел Рот во Скопје на средби со државниот врв

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска престојува во посета на Македонија.

Рот беше примен од претседателот Стево Пендаровски, а средби има и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пратеникот од германскиот Бундестаг, воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика, пред денешните средби со државниот врв на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами.

Само што се случи, еден па друг силен ЗЕМЈОТРЕС во познато летувалиште во Грција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска напладне го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море во близина на брегот на Турција, јави „Катимерини“.

Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот е регистриран во 13 часот и 10 минути по локално време.

Неколку минути претходно, во 12:56 часот, областа ја погоди малку послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Во 13:19 часот имаше трет, многу послаб земјотрес со јачина од три степени.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од селото Питагора на Самос, на длабочина од 12,8 километри.

За земјотресот известија и турски сеизмолошки извори.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Земјотресот беше силно почувствуван и во Турција, особено во Кушадаси, Измир и Мугла, каде предизвикал паника меѓу населението.

Уште еден земјотрес се случил во 12:56 во истата област со јачина од 4,7 степени, на длабочина од 10 километри.

Земјотрес или потрес — природна појава којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на Земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на Земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на Земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.

Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 км длабочина), среден (од 70–300 км длабочина) и длабок (300–730 км длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Предели кои се најподложни на земјотреси се вулканските огнени прстени и областите околу младите верижни планини. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Земјотрес (исто така познат како потрес,трепет) е резултат на ненадејно ослободување на енергија во Земјината кора кој создава сеизмички бранови.Сеизмичка активност на некоја површина се однесува на фреквенцијата,видот и големината на земјотресите кои биле искусени во текот на одреден период.Земјотресите се мерат со помош на набљудувања од сеизмометари.Скалата на моментна магнитуда е најчестата скала на која земјотресите поголеми од околу 5 степени се прикажани за целиот свет. Повеќебројните земјотреси помали од 5 степени прикажани од национални сеизмолошки опсерватории се мерат воглавно на локалната скала на магнитуда,исто така позната како Рихтеровата скала.Овие две скали се бројчено слични наспроти нивниот спектар на валидност.Земјотреси од 3 степени или пониски се претежно речиси незабележливи или слаби а со јачина од 7 степени и поголеми потенцијално предизвикуваат сериозни штети врз големи површини,во зависност од нивната длабочина.Најголемите историски земјотреси биле со јачина од малку над 9 степени,иако не постои ограничување на можната јачина.

Најновиот голем земјотрес со јачина од 9.0° или повеќе бил земјотресот во Јапонија во 2011 година,кој бил најголемиот Јапонски земјотрес од кога започнала евиденцијата.Интензитетот на тресењето се мери со изменетата Меркалиева скала.Колку е поплиток земјотресот толку повеќе предизвикува штета на градбите,се друго е еднакво.На површината на земјата,земјотресите се манифестираат со тресење а понекогаш и со поместување на земјата.Кога епицентарот на голем земјотрес се наоѓа на копно,морското дно може да биде доста поместено и да предизвика цунами.Земјотресите исто така можат да предизвикаат лизгање на земјиштето,и повремена вулканска активност.Во најопштата смисла, зборот земјотрес се користи за да се опише секој сеизмички настан-без разлика дали е предизвикан природно или од луѓето-кој создава сеизмички бранови.Земјотресите се предизвикани воглавно од прекин на геолошките недостатоци,но исто така и од други настани како што се вулканска активност,лизгање на земјиштето,експлозија во рудник и нуклеарни испитувања.Точката на земјотресот на почетното распукнување се нарекува фокус или хипоцентар.Епицентарот е точката на земјата директно над хипоцентарот.

Тектонските земјотреси се случуваат насекаде на земјата кадешто има доволно еластична испакната енергија за да се движи пукната пропаганда низ раседна линија со прекини. Страните на раседната линија се разминуваат едни со други без проблеми и асеизмично само ако нема неправилности или нерамнини по површината на раседната линија и го зголемуваат отпорот на триење.Повеќето површини со пукнатини имаат вакви нерамнини и тоа доведува до некоја форма на лизгање.Кога раседната линија ќе се затвори,продолженото движење помеѓу плочите доведува до зголемување на притисокот и на потенцијалната испакната енергија во обемот околу површината на раседната линија.

Ова продолжува сè додека притисокот не се зголеми доволно за да се пробие низ нерамнината,одеднаш дозволувајќи лизгање на затворениот дел на раседната линија,ослободувајќи ја потенцијалната енергија.Оваа енергија е ослободена како комбинација од еластични испакнати сеизмички бранови,загревање на раседната линија од триење ,и напукнување на карпата,оттаму предизвикувајќи земјотрес.Овој процес на постепено зголемување на притисокот и напорот испрекинат со повремен ненадеен земјотрес енаведена како еластичен-отскок.Се проценува дека само 10% или помалку од целосната енергија на земјотресот зрачи како сеизмичка енергија.Поголемиот дел од енергијата на земјотресот се користи за напојување на порастот на фрактурата од земјотресот или се претвора во генерирана топлина од триење.Оттаму,земјотресите ја намалуваат потенцијалната енергија на земјата и ја зголемуваат нејзината температура,иако овие промени се занемарливи во споредба со проводниот и конвективниот проток на топлина надвор од длабоката внатрешност на Земјата.

Постојат три главни видови на раседи,и сите можат да предизвикаат земјотрес:нормален,обратен и избивачки расед.Нормалниот и избивачкиот расед се примери за излизгување,каде поместувањето долж раседот е во насока на простирање и движењето на нив вклучува вертикален дел.Нормалните раседи се појавуваат во областите каде што кората е проширена како дивергентна граница.Обратните раседи се појавуваат во областите кадешто кората е скратена како на конвергентна граница.Избивачките раседи се стрмни структури каде двете страни на раседот се лизгаат хоризонтално разминувајќи се една со друга;трансформираните граници се посебен вид на избивачки раседи.Многу земјотреси се предизвикани од движењето на раседите кои имаат делови и од избивачките и од лизгачките;ова е познато како косо лизгање.Обратните раседи,особено оние долж плочата на конвергентните граници се поврзани со најмоќните земјотреси, вклучувајќи ги речиси сите оние со јачина од 8° или повеќе.Избивачките раседи,особено копнени преобразби можат да произведат големи земјотреси со јачина до околу 8°.Земјотресите поврзани со нормални раседи се обично со јачина помалку од 7°.Ова е така бидејќи енергијата ослободена во земјотрес,и на тој начин и неговата јачина,е пропорционална со областа на раседот што пука и отпорот се губи.Затоа,што подолга е должината и што поширока ширината на раседната област,толку поголема е јачината.Највисокиот,кршлив дел на Земјината кора,и ладните блокови на тектонските плочи кои слегнуваат надолу во топлата прекривка,се единствените делови на нашата земја кои можат да складираат еластична енергија и да ја ослободат во пукнатините на раседот.Карпи кои се потопли од околу 300°целзиусови се изливаат како последица на отпорот;тие не пукаат за време на земјотрес.Максималните забележани должини на пукнатини и одбележани раседи,кои можат да се пробијат во еден потег се околу 1000км.Примери се земјотресите во Чиле,1960 година;Алјаска 1957г.;Суматра,2004г.Најдолгите дупки на избивачките раседи,како раседот Сан-Андреас(1857,1906),Северноанатолијскиот расед во Турција и раседот Денали во Алјаска(2002),се долги околу половина до една третина,додека должините долж маргините на плочите,и оние долж нормалните раседи се дури пократки.Најважниот параметар кој ја контролира максималната јачина на земјотресот на расед,сепак, не е максималната достапна должина,но расположливата ширина,бидејќи последниот варира со коефициент 20.Долж конвергентните рабови на плочата,вдлабнатиот агол од рамнината со дупки е многу плиток,обично околу 10°.Оттаму ширината на рамнината во горниот кршлив дел на кората на Земјата може да стане од 50 до 100 км (Јапонија,2011г.;Алјаска,1964г.) правејќи ги најјаките можни земјотреси.Избивачките раседи имаат тенденција да бидат ориентирани вертикално,што резултира со приближна ширина од 10км со кршливата кора,со што земјотресите со јачина поголема од 8° не се можни.Максималните јачини долж многу нормални раседи се поограничени,бидејќи многу од нив се наоѓаат долж центарот,како во Исланд,каде што дебелината на кршливиот слој е само околу 6км.Покрај тоа,постои хиерархија на нивото на отпорот во трите типови на раседи.Обратните раседи се создадени според највисокото,избивачките по средното,и нормалните по најниското ниво на отпор.Ова лесно може да се разбере земајќи го предвид правецот на најголемиот водечки отпор,насоката на силата која “ја турка” карпата за време на раседнувањето.Во случајот на нормалните раседи,карпата е истуркана надолу во вертикална насока,оттаму силата на туркањето(најголемиот отпор) е еднаква на тежината на карпата.Во случај на пробивање,карпата “бега” во насока на најмалиот отпор,нагоре,кревајќи ја карпата горе,оттука, преоптоварувањето е еднакво на најмалиот отпор.Избивачкиот расед е средината помеѓу останатите два вида објаснети погоре.Разликата во отпорот во трите околини на раседите можат да придонесат за разликите во исфрлувањето на отпорот за време на раседнувањето,што придонесува во разликите во енергијата што зрачи,без оглед на димензиите на раседот.

Виолета раскажува: На самохрана мајка со мало дете исклучивте струја – ќе ви кажам начин како да го сторите тоа во Арачиново

ЕВН, послушајте паталец

Другарчиња од ЕВН, читам во Арачиново, Грчец, Сарај, Студеничани, Крушопек и Серава , ем ви краделе струја, ем не сте можеле ни сметки да наплатите. Ама затоа пак, во другите делови на Македонија, народот го рекетирате, бидејќи, се разбира, некој мора да ви ги плати загубите кои ги имате во горе споменатите реони и тоа цели 20 години, откако борците за човекови права станаа власт, залепени и за куртовци и за муртовци.

Има една македонска поговорка која вели:

„Не слушај гаталец, слушај паталец“

Другарчиња од ЕВН, бидејќи јас долги години со вас бев паталец, сега ќе ви ги раскажам моите патила со вас и ќе ви дадам совет, како, според примерот со мене, да си го решите проблемот во овие реони. А, вакви примери како мене, ги има многу во оваа наша напатена Македонија, напатена од арамии и џабелебароши кои ги плаќа чесниот народ, независно од која национална припадност.

Во животот се случуваат трагедии. Секој од нас се соочува со својата лична трагедија. Така и јас се соочив со, за мене најголемата загуба во животот, после која останав сама со моето малолетно, тогаш три и пол годишно дете. Оттогаш започнува мојата голгота со вас, ЕВН.

Бидејќи не бев вработена и никој немаше желба да ме вработи, нормално, се вработуваат само партиски војници, од СДС и од ДПМНЕ, јас, како и многу други самохрани родители работев само сезонски и нормално доаѓав до ситуација да не можам да си ги плаќам сметките. Морав да направам избор, или храна за детето, или сметки, по што секогаш, се разбира, избирав детето да не ми е гладно.

Тогаш ми стигнуваа опомени пред исклучување на струјата, но, секогаш постојат добри луѓе. Така и во ЕВН Охрид, немаа душа да остават едно мало дете без струја и најчесто се трудеа да ми помогнат, со плаќање на една сметка да не ми ја исклучат струјата. И тоа траеше 2 години.

Но, потоа започна мојата голгота со вас, ЕВН , а верувам и голготата на многу други семејства. Ми го променавте броилото и оттогаш почнавте да ми ја исклучувате струјата, без опомена, дирекно од Скопје( така барем ми објаснија работниците кои го променија броилото)

Оттогаш, 4- 5 години, еднаш годишно мене ми ја исклучувавте струјата и ние две со ќерка ми бевме без струја 7 – 10 дена, во зависност кога ќе успеев да побарам заем за да ги платам неплатените сметки, а потоа работејќи сезонски, го исплаќав заемот.

Затоа сакам да ви дадам совет другарчиња од ЕВН, за реоните каде не можете нормално да си ја наплатите струја.

СМЕНЕНЕТЕ ГИ БРОИЛАТА, СТАВЕТЕ ИМ БРОИЛО ИСТО КАКО МОЕТО И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ИСКЛУЧУВАТЕ СТРУЈАТА.

На тој начин вашите работници нема да бидат нападнати од разбојниците, а нас останатите ќе не’ ослободите од обврската да им ја плаќаме нивната потрошена електрична енергија и вашите загуби.

Доколку се плашете дека ќе бидете нападнати додека им ги менувате броилата, побарајте да бидете обезбедени од страна на македонските политичари на власт, или од нивните сојузници НАТО војските, со кои, нели, жителите на Арачиново се стари познаници многу одамна, уште од 2001 година.

Барајте некое чаре, само ние останатите, граѓаните од втор ред во Македонија, да не мораме да плаќаме повисоки сметки и да ви ги покриваме вашите загуби.

Срдечен поздрав рекетари од ЕВН

Фејсбук статус на Виолета Аврамоска.

Повеќе за ЕВН:

Електрификација на Македонија (1909-1944)

Првата светилка во Македонија се запалила во Скопје во 1909 година кога е изградена првата електрична централа на парен погон. Во тоа време Македонија била дел од турската империја.

Првата електрична централа во Македонија

Електрификацијата на другите градови се одвивала самостојно и одделно. После Скопје електрифицирана е Битола во 1924 година, а до 1930 година електрифицирани се Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Кочани. Од 1931 до 1935 година електрифицирани се: Прилеп, Кичево и Демир Капија, а од 1936 до 1940 година електрифицирани се: Гостивар, Охрид, Струмица и Пробиштип.

Во тоа време електричната енергија се произведувала во мали хидроелектрични централи, но имало и централи на дизел и јаглен.

Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна се: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 КW изградена во 1927 година, Дизел електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 KW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 KW изградена во 1938 година.

На крајот од 1944 година во Македонија производството на електрична енергија било повеќе од скромно и изнесувало околу 14.200 МWh со инсталирана моќност од 9.600 КW.

Главни причини за забавената електрификација на овие простори биле слабиот економски развој на стопанството, неразвиената индустрија, а важно е да се спомене дека Македонија во тоа време не била самостојна држава туку провинција на туѓи кралства и империи.

Развој на електроенергетскиот систем (1945-2005)

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, во Македонија е формирано „Федерално електроенергетско претпријатие“ (ФЕП) за Македонија кое управувало со сите електроенергетски ресурси во државата. За разлика од претходниот период кога секој град имал независен и посебен електроенергетски развој, ФЕП за Македонија функционирала како единствена компанија на целата територија на државата во рамките на Федерална Југославија. Со текот на времето имињата на претпријатието се менувале: „ФЕП за Македонија“ до 1954, „Електростопанска заедница на Македонија“ до 1966, „Електро Македонија“ до 1990, „ЈП Електростопанство на Македонија“ до 2005, а по поделбата и ребрендирањето започнува да се употребува називот „ЕВН Македонија АД“ – Скопје.

Првомајска парада во Скопје

Обновата на електроенергетските капацитети кои биле тешко оштетени или разурнати во војната станала примарна и сеопфатна задача која со помош на државата и граѓаните во повоениот период во Македонија успешно се спроведувала. Електрификацијата на Македонија била речиси целосно реализирана и електричната енергија станала секојдневие во скоро сите градови и села во земјата. Систематски и макотрпно била градена дистрибутивната мрежа, трафостаниците и новите енергетски објекти кои успевале да ги задоволат се поголемите потреби од електрична енергија на домаќинствата и растечката индустрија. Како најзначајни производствени капацитети на електрична енергија кои се изградени во повоениот период па се до осамостојувањето на Македонија во 1991 треба да се издвојат:

ТЕЦ Маџари (1949)

ХЕЦ Маврово (1957)

ХЕЦ Тиквеш (1968)

ХЕЦ Глобочица (1965)

ХЕЦ Шпиље (1969)

ТЕЦ Неготино (1978)

ТЕЦ Осломеј (1980)

РЕК Битола (1982)

Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следеше и прекинот во високонапонската мрежа со остатокот од СФРЈ. Ова значеше и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем кој и покрај тешкотиите не дозволи поголеми проблеми во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија.

Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.

(ФОТО) Бојан Велевски влегува во политика – комичарот одржа и прва средба со ГРАЃАНИТЕ

Бојан Велевски е македонски филмски и телевизиски глумец и комичар.

Веќе неколку години наназад тој е многу актуелен на социјалните мрежи, каде има публика од 7 до 77 години и успева буквално сите да ги насмее.

Веројатно и тој „пресмета“ дека во Македонија најдобро може да ти оди ако си дел од политиката, па не се мислеше многу и ги заскува ракавите, облече сако и реши – влегувам во политика.

-Градоначалник на терен! Продолжуваме со капитални проекти!!!

Асвалтирање на уличка од 12 метри со улично осветлување и клупа за починка.

Со висок интензитет ги решаваме проблемите на градот! Секогаш уз граѓаните, секогаш достапен!, пишува тој објавувајќи и фотографии од „средбата“.

Веќе во вториот случај, ситуацијата е крајно опасна, поради невремето. При што од терен и со овци, се исраќа порака:

Поради итноста на ситуацијата, Се упатуваме веднаш кон East Gate, да поделиме маски за гЊурење и пераи, како би можеле граѓаните да стигнат до своите возила, пишува тој.

А веќе утринава, тој е со „народот“, каде се разговара за вчерашното невреме:

Уште рано наутро со граѓаните! Сумирање на штетите од невремето и пријатен разговор со моите сограѓани, пишува тој.

Други вести денес: ГОБ „8-ми Септември“ со јапонски донации во вредност од 161.000 евра

Во Градска Општа Болница „8-ми Септември“ – Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод затворањето на два проекта во рамки на Јапонската програма за мали проекти односно GGP, во вредност од 161.000 евра.

Како што соопштија од Амбасадата на Јапонија, на свечената церемонија ќе присуствуваат министерот за здравство Беким Сали и јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.

Церемонијата е во организација на ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и нејзиното раководство како знак на благодарност за јапонските донации.

Кулеба ја повика ЕУ да забрани доаѓање на руски туристи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Европската унија да забрани доаѓање на руски туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресорска војна” на нивната земја против Киев.

– Времето за половични мерки заврши, изјави денеска Кулеба пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Прага.

– Само строга и конзистентна политика може да даде резултати, нагласи тој.

Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визни олеснувања со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека Унијата најверојатно ќе остане поделена околу целосна забрана за патување во ЕУ.

– Забрана за издавање визи за руски туристи и некои други категории би биле соодветен одговор на геноцидната агресорска војна на Русија во срцето на Европа, која ја поддржува големо мнозинство руски граѓани, рекол Кулеба во изјава за Ројтерс испратена преку е-пошта.

Тој исто така предложи да се започне специјална програма за руските војници кои повеќе не сакаат да се борат во Украина.

„(Порака): Спаси се и замини. Остави го оружјето, предади се на украинските сили и добиј шанса да започнеш нов живот”, рече Кулеба.

– Убеден сум дека вреди да се даде таа понуда, бидејќи дури и еден руски војник да го остави оружјето и да реши да замине, тоа значи спасени украински животи и се поблизок мир, рече Кулеба.

Почина Михаил Горбачов, последниот советски претседател во Москва

Последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов почина на 92 година. Горбачов ја презеде врвната функција во Кремљ во 1985-тата година во време на таканаречената студена војна меѓу западот и источниот комунистички блок.

Горбачов го почна процесот на отворање на СССР и на дипломатско приближување со западот.

Како лидер на Советскиот Сојуз (најголемата држава на светот со 15 републики) Горбачов се обиде да ја реформира владеачката Комунистичка партија, но и државниот и општествен систем во лидерот на Варшавскиот пакт. Соработуваше со двајца американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш, постариот.

Најпознатите руски зборови кои се пробија и во западниот говор беа општествените иновации на Горбачов, „гласност“ (предвидуваше отвореност на системот за информирање на граѓаните), „перестројка“ (реструктуирање и реформа на општеството и економијата) и „ускорение“ (забрзување на економскиот развој).

Неговото владеење беше одбележано и со првите ефективни договори за контрола на нуклеарното оружје. Во 1986-та се случи катастрофата во централата Чернобил, најголем нуклеарен инцидент во историјата.

Во февруари 1988-та, Горбачов објави повлекување на советските сили од соседниот Авганистан каде Советскиот сојуз изврши инвазија во 1979-тата година.

Истата година Горбачов се откажа од тогашната советска доктрина и на државите од Варшавскиот пакт им беше овозможено сами да развиваат сопствена внатрешна и надворешна политика, независна од Кремљ.

На крајот на 80-тите години и почетокот на 90-тите години од минатиот век, ерата на Горбачов заврши, тој доби Нобелова награда за мир, а СССР и источниот блок се распадна.

Многу Руси го обвинуваат за пропаста на земјата. Во 1991-ва загуби на првите посткомунистички избори во Русија, а иако неколкупати се обидуваше не успеа да собере доволно гласови за претседателската функција.

Го наследи Борис Елцин кој владееше до 2000-тата гпдина кога во Кремљ беше промовиран Владимир Путин кој денеска изрази сочувство до семејството на Горбачов.

Болницата каде што почина последниот советски владетел соопшти дека Горбачов боледувал од долга и тешка болест.

Многу западни лидери изразија сочувство за смртта на Горбачов кој помогна во надминувањето на разделебиот биполарен свет пред 3 децении иако Украина денеска ги потсетува сите на нерешените прашања од ерата на Горбачов.

Бајден: Горбачов беше редок лидер кој придонесе за побезбеден свет

Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“.

„Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение.

Тој додава дека „неговите постапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“.

„Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден.

Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија.

error: Content is protected !!