Голема трагедија на автопат во Македонија: ЗА ЖАЛ ИМА МPTВИ









Веста продолжува веднаш по рекламата.




Веста продолжува по рекламата.








Веста што ја потресе Македонија, продолжува веднаш по рекламата.




Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција. Несреќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.




-Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.




На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција.

Меџити ги шокираше сите со изјавата: ДУИ може без нас, може и без Груби – ЕВЕ без кој НЕ МОЖЕ













Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека партијата е национално богатство на Албанците во Македонија.

Ахмети кажа дека е нормално да има незадоволство во меѓучовечките односи.




„ДУИ е национално богатство на Албанците во Македонија и единствена од Струга до КУманово и Липково. Денеска зборував за меѓучовечки односи, овие работи мора да се средат. 20 години се занимавам со тоа“, вели Ахмети.




Некогашниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека продолжуваат со нивното барање кое го сметаат за демократско и во најдобар интерес на сите.




Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт, истакна Меџити.




За изјавата на Ахмети, кој рече дека ДУИ може да функционира без Џафери, Беџети, Меџити изјави дека ДУИ може да функционира и без нив, но и без Артан Груби.

Нови детали во врска со 22-годишникот кој исчезна, со ДРАМАТИЧНА изјава се огласи неговиот татко: Да го најдат, жив или мртов









Откако три дена луѓе, вработени повеќе институции не успеаја да го најдат возачот и евентуалните сопатници по излетувањето во реката Вардар кај Желино денеска се прави обид и преку други методи за наоѓање на исчезнатиот.




Покрај тоа што луѓе нуркачи бараат во реката, а други покрај водата, денеска вклучени се кучиња трагачи. Поради високиот водостој на Вардар надлежните велат дека ќе се стопира протокот на вода за им се олесни потрагата.

Ние побаравме, да се намали водата од Водостопанство. Но тоа не е наша надлежност.

Тие рекоа дека во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат, рече Ариф Арифи од ДЗС Тетово.




Се верува дека речната водата го однела возачот, па сега освен во Тетовско потрагата се проширува и кон скопското подрачје кон текот на реката Вардар.




Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ние е во левата, втората на десната страна на Вардар, третата накај мостото Сиричино и четврата ќе ја ангажирам денеска после 13 часот во Зелениково пошто претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината.

Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од ДЗС на терен рече Ариф Арифи од ДЗС Тетово.




Пожарникарите од Тетово се меѓу луѓето кои на нозе движејќи се долж речното корито го бараат исчезнатиот возач и евентуални сопатници.




Тука сме од седум сабајлево го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па идеме надоле.

Како што гледате и вие дека Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. 00.48 + 01.28 Почнуваме пак се враќаме назад, пошто стварно имаме многу вода и треба да се провери цел терен така полека полека.




Се знае дека водата е многу јака и може телото е заглавено негде во длабина. И треба многу време дур го најдеме телото вели Авни Амети.

22-годишниот кумановец во вторникот излетал кога од Тетово се движел кон Скопје на мостот над Вардар кај Желино.

Трет ден од потрагата по 22-годишниот кумановец кој падна со возилото во реката Вардар кај Желино, тетовско, а неговиот татко во изјава за „ТВ21“ испрати апел до институциите.

„Повикувам да го најдат син ми. Благодарност до селаните кои помогнаа. Сакам да го најдат син ми, жив или мртов“, кажа тој за медиумите.

ДЕТАЛИ: Македонката била напaднaтa, па жестоко возвpатила – еве како го убилa својот партнер









Детали за убиството кое ја потресе Македонија.

Веста продолжува веднаш по рекламата:




Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.




Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи.

По расправија во куќата на оштетениот, започнала физичка пресметка меѓу нив во која сега починатиот ја удрил осомничената по лицето, а таа му скршила филџан од главата.




Тој ја фатил за косата и ја влечел кон бањата. Осомничената дофатила кујнски нож од масата со кој му задала неколку убоди во пределот на стомакот и градите.

Од ударите жртвата паднала на подот, по што осомничената продолжила да му задава убоди додека не престанал да дава отпор. Потоа врз неговото тело истурила ракија и средство за дезинфекција и го потпалила.




Оштетениот кој се уште бил жив се обидел со рацете да го изгасне огнот што горел по неговото тело, но од убодите и изгорениците кај него за кратко време настапила смрт.




Осомничената останала во станот 20-тина минути, по што излегла, ја заклучила влезната врата и заминала.

Телото на починатото лице беше пронајдено на 8 септември, по што беше извршен увид на лице место​, а осомничената беше лишена од слобода во текот на вчерашниот ден.




Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои очигледна опасност осомничената да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.​

Ахмети призна: Имаме големи проблеми во ДУИ – ќе ви кажам и кој ги прави









Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе.




Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално.




– Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.




Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.




– Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.

УЖАС: Ја давел со чаршав, па ја избол: Ноќва сред болница нападната медицинска сестра во Куманово









НАЈНОВА ВЕСТ – ЈА ПОТРЕСЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Дејствието се одвивало во Куманово, во доцните часови.




Ноќва во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, соопшти МВР.




Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.




Според информациите на „СДК“ од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира.

Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика.

Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила. Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание.




Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.

Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуват на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош.




Се претпоставува дека можеби се криел во собите или тоалетите, или влегол преку некој прозор. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери на службата за обезбедување во болницата.

Арсовска за претседателот на Советот: Талат Славески









Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска се искара со претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски и го нарече „Талат Славески“, по што тој ја прекина седницата.




Караницата настана на дискусијата по точката за планот за вработување за 2023 во ЈП „Водовод и канализација“. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата ја прашуваа Арсовска како тоа сега во планот за вработување за наредната година планира 120 вработувања, а велеше дека има превработеност и пред неколку дена отпушти 100 лица од претпријатието.




„Немојте да лажате. Секаде каде стигнете јавно истакнувате невреди. Не сме на дебата тука, кога ќе бидеме ќе разговараме. Бега од дебата шпицниот градоначалник, се крие Христијан Мицкоски, имаше можност да се појави на пет дебати, но се крие, се плаши“, рече Арсовска, по што Славевски ја прекина со објаснување дека не смее да споменува имиња на лица кои не се присутни на седницата.




По ова, Арсовска од говорницата го нарече „господине Талат Славески“, по што тој ѝ го исклучи микрофонот велејќи дека го навредила и ѝ го одзема зборот. Арсовска му врати дека нема право да ѝ одзема збор, по што Славески ја прекина седницата и даде половина час пауза.

Ковачевски забрани набавка и консумирање морски плодови, лешници и бадеми во Владата









Економско-енергетскиот совет на Владата вечерва одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините.




Советот, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.




Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес конференција, по новинарско прашање околу тендерите за храна, во Владата истакна дека ќе се забранат морски плодови во Владата.




Тој вели дека не станува збор само за Владата, туку на сите ресторани преку СОЗР.




„При подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми, лешници и.т.н. Ќе има забрана за нивна набавка“, рече Ковачевски.




Тој додаде дека средствата ќе бидат насочени кон директна финансиска помош на ранливите категории.




„Се работи за рамковен договор. Тука влегуваат и Кабинетот на претседателот на државата и Кабинетот на претседателот на Собранието. Се тоа оди преку Службата за заеднички работи. Донесовме одлука дека ќе има забрана за морска храна и за лешници во бифеата и тие средства ќе бидат пренаменети за ранливите категории на граѓани“, вели Ковачевски.

Ковачевски на вонреден прес откри многу работи: Еве какви одлуки донесовме









Како гром од ведро небо пред половина час одекна информацијата за вонредна прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски.

Тој пред јавноста зборуваше за најновите одлуки кои доцна вечерва се донесени.




Доцна вечерва, вонредна прес конференција имаше премиерот Димитар Ковачевски, кој најпрво им се заблагодари на медиумите кои во краток рок пристигнале во Владата.




-Почитувани граѓани, енергетско економскиот совет на Владата донесе одлуки, кои сакам да ги споделам со јавноста.




За граѓаните на Град Скопје на 15 октомври започнува грејната сезона. Парно за греење ќе има. Ги повикувам Град Скопје и РКЕ да дадат позитивно мислење.

Парно за скопјани ќе има. Во однос на електричана енергија за 85.000 потошувачи добиваат субвенционирана електрична енергија во износ од 80 проценти. Ќе се субвенциуонираат и сите училишта и здравствени установи со поповолна цена за електрична енергија.




Пред утрешната седница повикувам заедно да се обединиме да ги донесеме законите со кои се одблокираат пари од ЕБРД за надминување на енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

Од МВР со објаснување до Фокус: Еве зошто Димовски е повлечен од таа позиција и каде е сега









Началникот на Единицата за интервентан полиција, Примислав Димовски бил прераспределен на негово барање, тврдат од Министерството за внатрешни работи во одговор за „Фокус“, по веста дека Димовски е сменет од началничкото место на оваа Единица.




-Лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, велат од МВР за „Фокус“.




Според нашите информации од МВР, Димовски сега ќе биде виш полициски советник во Единицата стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет во Бирото за јавна безбедност.




На оваа позиција Димовски може да има повеќе бодови, но нема да биде еден од главните „играчи“ во МВР како досега, кога ја водеше единицата која што настана со спојување на досегашните единици – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“.

error: Content is protected !!