Летаат оставки во МНР: Османи нема попуст – еве ја причината













Директорот на протокол во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје.

За ова вечерва информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додаде дека тој ја прифатил оставката.




Гафот се случи пред десетина дена кога место словенечко, во кабинетот на Османи во МНР, за време на неговата средба со словенечката министерка беше поставено знамето на Словачка.




– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност, оставката ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност тој поднесе оставка – рече Османи во гостување на ТВ24.




Според Османи, директорот на протокол во македонското МНР бил на функцијата околу една година, а оставката ја поднел веднаш по грешката со знамето.

Доцна вечерва СКАНДАЛ од соседна Бугарија: Ликвидиран е македонскиот клуб „Никола Вапцаров“









„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград




Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска




Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.




„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато.“ вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.




Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.




Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно-информативен центар…




„Со сигурност, кога ќе биде официјален клуб ,би присуствувал и ќе присуствувам.“ вели градоначалникот Илко Стојанов.

Што се случи во, после, но и пред Благоевград?

Политичарите влегоа брзо, новинарите чекаа еден час. Такво добредојде на граничниот премин Делчево-Лисичково добија патниците тргнати кон Благоевград – местото на отворање на клубот „Никола Вапцаров“.

А и странците и домашните, во центарот на градот, ги чекаше силно полициско обезбедување. Беа таму за да ги двојат демонстрантите собрани против граѓаните дојдени за настанот во малата просторија сместена во приземјето на зградата со бр.14 на улицата „Димитар Димов“.

Добронамерниците беа пречекани со колачи, а на трпезата имаше и лепче. Присутните едвај успеваа да ги слушнат говорите додека од непосредна близина на звучник ечеа бугарски песни.

(ВИДЕО) Страшно: Луѓето во паника кршат стакла – Се запали спортскиот центар „Арена“ во Мостар









Нешто по 16:00 часот избувна пожар во зградата на спортскиот центар „Арена“ во Мостар, а посетителите кои случајно се нашле таму се евакуирани, објави Н1.




Како што потврдија од противпожарна служба од босанскиот град, пожарникарите сѐ уште се на терен и работат на спречување на ширење на пожарот.




Тие наведуваат дека најверојатно се запалила соблекувалната, од каде пожарот почнал да се шири и во другите простории.




На Твитер беше споделено видео од теретаната сместена во овој центар, на која се гледа како посетителите од страв кршат прозорци.




На терен се четири противпожарни возила и брза помош.



Страотен масакр вечерва ја потресе Македонија: Товарен воз збриша стадо овци













Товарен воз попладнево удрил во околу 30 овци кај гевгелиското село Миравци, потврди Тони Ангеловски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи.




– Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени луѓе нема, појасни Ангеловски.




Увид на местото врши екипа од Полициска станица Гевгелија.

Преполна сала го пречека премиерот во Делчево: Ковачевски со моќна порака од истокот на државата









„Државата ќе ја субвенционира цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија за да се намалат цените на основните прехрамбени производи.




Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото, брашното, млекото, ќе се стабилизираат“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево.




Тој додаде дека се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10 отсто, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа.




„Основните и средните јавни училишта и тука во Делчево и низ земјата, ќе добијат поевтина електрична енергија, исто како и јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води.




Заедно со мојот тим работиме ден и ноќ за да обезбедиме се што е потребно за граѓаните и државата. Верувам дека заедно ќе успееме“ потенцираше Ковачевски.




Тој додаде дека е максимизирано производството на струја и дека изминатиот период ЕСМ произведува 100 отсто од потребите за целиот регулиран пазар, за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи во државата.

ОПАСНО: Голем шумски пожар на Стража, може да се прошири до патот









Вонредна вест доцна во Македонија.

Новата вест ги потресе сите. Особено оние кои патуваат на тој дел од градот.




За што станува збор, прочитајте во продолжение.

Текстот продолжува веднаш по рекламата:




Пожар избувнал попладнево во месноста Стража, покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, објави 4News.mk.




Според информациите, постои опасност пожарот да се прошири до патот.




Во моментов нема информација за тоа дали противпожарните екипи се упатени на местото на настанот.

Адеми насилно отстранет и повторно попречен во својата работа – ЗНМ бара итна истрага од МВР









Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешното попречување на вршење на работата на колегата Невриj Адеми од Тетова Сот, на кој му била одземена опремата и насилно бил отстранет од просториите во тетовско средно училиште од страна на непознато лице.




„Според изјавите на колегата Адеми, денеска во просториите на тетовското средно училиште ,,7-ми Март”, додека чекал да сними прилог со директорот на ова училиште, од страна на непознато лице му бил одземен мобилниот телефон и турнат микрофонот.




Веднаш потоа истото лице користејќи груб речник, се обидел да го истурка новинарот надвор во училишниот двор,“ велат од Здружението на новинари на Македонија.




„Еден човек излезе од канцеларијата на директорот на училиштето кој ми рече дека директорот не е на работа и дека бил многу зафатен со обврски.

Јас му одговорив дека ќе го почекам тука и во тој момент човекот ме фати за рака за да ме избрка надвор, јас му реков да не ме допира. Тој продолжи да ме брка од училиштето и ми го зема телефонот и микрофонот од рака”, изјави Адеми.




Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое го спречило новинарот Адеми да ја врши својата работа.




Ова е втор инцидент кој се случува годинава со новинарот Невриј Адеми, тој во првиот немил настан беше бркан од лице со секира од место на кое исто така снимал прилог, за што напаѓачот беше кривично гонет, а потоа и осуден.

Страшна вест ја потресе Македонија: Возач на „ауди“ прегазил полицаец и избегал









На патиштата во Македонија веќе никој не е безбеден.

И ако во минатото барем полицијата се сметаше за сигурна и безбедна, сето тоа во последен период е под знак прашалник.




Страотна вест се пренесува од Струмица, каде е прегазен полициски службеник.

Среде бел ден, без око да му трепне, возачот потоа избегал од лице место.




Се огласија и од МВР

Еве што кажаа тие:




На 30.10.2022 во 10.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода И.Ј. (40) од Струмица, затоа што околу 02.20 часот на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица со патничко возило „ауди“ удрил полициски службеник кој извршувал службени задачи, по што го напуштил местото.




Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Се појави вознемирувачко ВИДЕО на кое се гледа како паѓа мостот – загинаа 134 лица









Бројот на загинати од уривање на мост во Гуџарат, Индија се искачи на 134, соопшти локален функционер.




Пешачки мост на реката Мачху во градот Морби, кој беше преполн со посетители кои уживаа во празничните веселби, се урна вчера, а многумина завршија во реката и загинаа.




„Бројот на загинатите во инцидентот со уривање на мостот се искачи на 134.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, рече висок функционер на НК Мухар, истакнувајќи дека бројот на загинати може да се зголеми.




Мухар, исто така, рече дека персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за управување со катастрофи и вонредни состојби од околните области се распоредени за да ги лоцираат исчезнатите лица и да помогнат во спасувачките операции.




Повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот кога тој се урна.

Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19 век.




Тој беше затворен шест месеци поради реновирање, а неодамна беше повторно отворен за јавноста.

Самка има едно барање, а ако не се исполни: Сите Роми ќе излезат на протести – кажа и кога









Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), и до пред десеттина месеци заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, Самка Ибраимоски, најави протести низ цела земја, доколку не се започне со вработување на Роми во државни институции.




Според соопштението кое тој го објави, ПЦЕР ќе покренела иницијатива до премиерот Димитар Ковачевски, да во секоја јавна институција има барем по еден вработен Ром, затоа што тие биле застапени со најмал процент.




-ПЦЕР ќе покрене иницијатива до премиерот, да во секоја институција да има по еден Ром вработен, затоа што најмал процент се застапени Ромите, а не да се вработува по балансерот, и ќе предложиме да се укине балансерот.




Вработувања во следните институции- Матична служба, во секој град по еден, Центар за социјални работи по еден во секој град, ПИОМ во подрачните служби – по еден во секој град, Подрачна за здравство – по еден во секој град, Агенција за вработување во подрачните единици низ Републиката, и во сите институции по градовите низ Републиката што постојат подрачни служби, УЈП, Министерство за правда, Министерство за финансии и други.




Доколку ваквата иницијатива не се прифати, ПЦЕР ќе организира масовни протести во цела Македонија, пред Влада и Собрание, ќе имаме трпение, но во најкраток можен рок ова иницијатива да почне да се применува – објави Ибраимоски.




Тој е активен во политиката околу три децении. Годинава во јули беше реизбран за лидер на ПЦЕР. Кога пред десеттина месеци се повлече од функцијата заменик директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ,,Македонија пат”, ја образложи одлуката со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт.

Тогаш изјави дека требало да биде генерален директор на „Македонија пат“, но ветувањето не се исполнило.

Извор: Фокус

error: Content is protected !!