Нов проект на МЗШВ – од утре здрава ужинка за секој ученик









Доцна вечерва, нова убава вест се прошири низ Македонија. Овојпат тоа е двојна среќа, затоа што во прашање се најмладите односно иднината на оваа држава.




Нешто што многу години наназад се најавуваше, споделуваше, очекуваше, конечно добива реализација. Секој ученик ќе добива здрава ужина.




Сето тоа преку медиумите денес го сподели министерот Николовски.




Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објави уште една радосна вест, овојпат за сите ученици:




Од основните училишта во општина Центар, денес започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи.




Обезбедуваме здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.

Ужаc во Приштина: Cопруг ја изpешетал бpемената жена, која требало да се породи (ВИДЕО)









Во дворот на Клиничкиот универзитетски центар, пред Гинеколошката клиника во Приштина, вечерва е у6иeнa жена во деветтиот месец од бременоста.




Се сомнева дека ја у6ил нејзиниот cопруг.




Според портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флоре Ахмети, жртвата била на 35-годишна возраст и 41 недела од бременоста.




Според очевидци, жената накратко се упатила до продавница, кога мажот ѝ пришол и ја заcтpeлал. Иако веднаш паднала на земја, мажот продолжил да пуka во нејзиното тело.




– Околу 18:00 часот добивме информација за мpтво тело во дворот на Универзитетскиот клинички центар во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и медицинската екипа која констатирала cмpт на жртвата, жена на возраст од околу 35 години. Според првите информации, покренатите сомнежи сугерираат дека се работи за у6иcтвo – рече Ахмети.




Како што додаде таа, полицијата во координација со државниот обвинител започнала истpага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот.

Вечерва драма: Во Македонија падна 7-ка на ЛОТО, познато е колку пари и од кој град е добитникот









Драма, каква драма вечерва во Македонија. По долго време падна 7-ка на лото во нашата држава.

Среќниот добитник вечерва сигурно нема да спие.




Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви на Канал 5 Телевизија.




Добитната комбинација е 2,10,11, 12,24, 36,37 , а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.




Засега нема повеќе информации за идентитетот на среќниот добитник.




Се работи за рекордната Лото добивка од 32.921.304 денари или околу 500.000 евра.

(ВИДЕО) Аргентина доби сомнителен пенал: Големиот Меси ја зеде топката – маестро Шчесни го прочита неговиот удар









Фудбалското дерби во групата Ц меѓу Полска и Аргентина доби заплет во финишот на полувремето. „Гаучосите“ доминираа и беа апсолутно подобар тим на теренот во Доха, ама во финишот на полувремето добија спорен пенал.




По една нафрлена топка, голманот Војчех Шчесни беше прекраток и во пад со раката го удри Лионел Меси. По повик од ВАР собата, судијата Дани Макели покажа на 11 метри, што ги разлути полските фудбалери и фанови. Сепак, Шчесни ја потврди неверојатната форма и со парада го скроти ударот на Меси.




Голманот Војчех Шчесни игра во фантастична форма на овој Мундијал.




Вечерва против Аргентина по првите 45 минути имаше осум одбрани, а се вкупно на Мундијалот има 17 одбрани од кои и два одбранети пенали.




Претходно му фати пенал на Ал Давсари во победата од 2:0 над Саудиска Арабија, а вечерва со пантерски скок му одбрани пенал на Лео Меси.

Другарката на Тот не може да се помири: Остана душа од човек до последен здив, мавни ми од облаците









Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18, а Андреј Костовски 16 години затвоp за у6иството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Тие денеска беа прогласени за виновни за у6иcтво од Судечкиот совет при Основниот кривичен суд во Скопје во неправосилната пресуда. Адвокатот на Ѓорѓиевски најави жалба, вели казната е драконска и смета дека една тpагедија не се решава со друга.




По тpагичната cмрт која ја вознемири јавноста, тогаш на социјалната мрежа Твитер се појави снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, каде до cмpт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот.




Од снимката се гледа дека младиот ракометар е кpвнички пpетепан пред клубот.




Тогаш се огласи неговата добра пријателка од Македонија, Стефанија Трајческа- дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор на својот Инстаграм:

„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив…




Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе… До наредно видување. „Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна!




Те молам мавни ми од зад облаци, а мене времето ќе ме научи како да се носам со оваа болка и неправда….“

Кога го извршив делото имав 18 години, во пpитвор наполнив 19, рече оcудената Клементина









Анџело Ѓоргиевски (28 години), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (22) беа прогласени за виновни за у6иcтво на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој играше во екипата на Бутел Скопје. Ова денеска го одлучи Судскиот совет на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.




Тројцата одговараат за кривичното дело „у6иcтвo“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, за кое се предвидени најмалку пет, а најмногу 20 години. Судот одлучи Ѓорѓиевски и Левковска да добијат по 18 години затвоpска казна, додека за Костовски затворската казна е од 16 години.

Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години за у6иство на ракометарот Денис Тот.




Во нејзината казна се засметува времето поминато во пpитвор.




Таа се побуни за продолжување на мерката притвор.

„Јас сама се пријавив во станицата. Кога го извршив делото имав 18 години, сега во пpитвор наполнив 19 години“, рече Клементина.




Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвоp.




Клементина Лефковска беше второобвинета.

Се огласи згодната Ана: Љубоморните луѓе измислуваат приказна, глупавите ја шират понатаму, а идиотите веруваат









Претходните денови на социјалните мрежи кружеа приказни дека во репрезентацијата владее негативна атмосфера и дека виновна е Ана Рајковиќ, сопругата на Предраг Рајковиќ, голманот на српската репрезентација. Наводно ја поврзувале со напаѓачот на Србија Душан Влаховиќ. Сепак, таа реши да излезе и да ги отфрли сите овие наводи:




Голем скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Србија, откако медиумите од оваа земја излегоа со информација дека првата ѕвезда на репрезентацијата Душан Влаховиќ не игра на Мундијалот во Катар поради тоа што бил во романтична врска со сопругата на соиграчот Предраг Рајковиќ.




Сопругата на Предраг, Ана стигна во Катар како би ги демантирала сите овие објави. Таа се огласи по целата ситуација поврзана со целиот скандал…




„Луѓето тука многу си даваат за право да шират лаги и дезинформации или да се потсмеваат. И како сме откриле трач на животот. Додека жената со своето дете последните месеци ги поминува во болница и води важна битка. Срам да ви биде“, објави новинарка која е блиска до Ана.




„Преживеавме и полоши работи верувале или не. Им благодарам на сите новинари кои ме почитуваа и не објавија ништо за здравствената состојба на Тадија и останатите луѓе кои мислат дека е најдобро да се нападне ранет лав. Благодарам“, одговори Ана на коментарот на новинарката и така им се обрати на сите во врска со новонастанатата ситуација.




Љубоморните луѓе секогаш измислуваат приказна, глупавите ја шират понатаму, а идиотите веруваат!“, напиша Ана Рајковиќ на својот Инстаграм профил.

Мајк Тајсон: Не ми го чепкајте Меси, затоа што ќе се вратам во рингот и ќе биде весело









Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Аргентинецот Лионел Меси, деновиве е во центарот на вниманието на спортската јавност, но не поради голот за „гаучосите“, со кој го победија Мексико со 2:0, туку заради детаљ од соблекувалната. Имено, Меси по мечот го бришеше подот со мексикански дрес, а поради оваа постапка збесна боксерот Канело Алварез.




Дали го видовте Меси како го брише подот со нашиот дрес и знаме? Подобро да се моли на Бога да не го најдам. Навреда е да се фрли дресот на Мексико, напиша мексиканскиот боксер.




Набргу потоа се јави и легендарниот Мајк Тајсон.




Некој како Канело му се заканува на Меси. Ако се осмели да го допре Меси, ќе морам да се вратам во рингот за неколку години, истакна Тајсон.

Во рамките на групата Ц, клучниот натпревар за врвот се очекува да биде меѓу Полска и Мексико. Роберт Левандовски и Лионел Меси имаат амбиции да ги одведат своите селекции понатаму на Светското првенство.




За средбата во Доха, селекторите Михниевич и Скалони ги отворија картите. Прва ѕвезда во полскиот табор ќе биде секако Левандовски, а ќе има помош од Криховиак, Зиелински, Глик, Кеш, Шчезни… Од друга страна, аргентинскиот напад ќе го предводи Меси, кој ќе игра со Хулијан Алварез и Ди Марија.

Стартни состави за натпреварот меѓу Полска и Аргентина:

Полска (4-2-3-1): Шчезни;Кеш, Глик, Кивиор, Бережински; Биелик, Криховиак; Франковски, Свидерски, Зиелински; Левандовски.




Аргентина (4-3-3): Е. Мартинез; Акуња, Отаменди, ромеро, Молина; Мак Алистер, Фернандез, Де Пол; Меси, Ди Марија, Алварез.

Полјаците се лидери на табелата со четири бода и реми им е доволно да одат понатаму, додека Аргентинците мора да победат бидејќи имаат три, исто колку и Саудиска Арабија, а Мексико е последен со еден.

Пред десетина денови требаше да слави роденден: Братот на Тот со емотивна порака – ќе ве расплака









Денес се изрекоа затворските казни на тројцата обвинети за убиството на Денис Тот, а поради тоа тие се во центарот на вниманието.

Сите обвинети добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот.




Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.




Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени, а тоа е кривичното дело убиство. Адвокатот Иле Танев, бранител на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, смета дека казната е драконска.

Пред десетина дена на прерано починатиот хрватски ракометар кој животот го загуби во Македонија му било роденден.




Преку фотографии на социјалните мрежи неговиот брат, Борис Тот се потсети на убавите времиња кои ги поминал со својот починат брат.




„Драг мој, денес е твојот роденден кој за жал не можеме да го прославиме. Секогаш беше и ќе бидеш мојот вечен пример и секој ден ми недостасуваш се повеќе и повеќе..




Те сака најмногу твојата желка и знај дека ќе продолжам да ги живеам нашите заеднички соништа и секоја победа, одбрана и успех ќе ја посветувам само и исклучиво на тебе. “, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Еве ја објавата:

Ocyдениот Андреј и се обрати на неговата мајка: „Пред Господ сум чист, не сум y6ил никого“









Кривичниот суд изрече затворски казни од 18 години за Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска и 16 години за Андреј Костовски за у6иството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ објасни дека при носењето на одлуката се земени предвид сите олеснителни околности, но тројцата о6винети сепак одзеле човечки живот.

Според доказите, Јосифовиќ рече дека не е дискутабилно дека обвинетите биле свесни за своите постапки и последиците од последователните удари врз ракометарот Тот. Според лекарите, ударот со главата на тврда површина бил клучниот момент кога настапила cмpтта.




Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелек ја коментира високата зaтворска казна на својот син.




Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок.




По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум y6ил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.




Андреј Костовски само посочи: „Останувам на сè она што го кажа мојот бранител“, а претходно адвокатот аргументира зашто ефектот oбвинетиот да не избега може да се постигне и со поблага мерка.




Тројцата обвинети остануваат во пpитвор до почнување на издржување на казната, односно до правосилност на пpесудата.

error: Content is protected !!