







За да имаат што повеќе енергија во текот на денот и да се разбудат што побрзо, многу луѓе посегнуваат по кафе веднаш по будењето.
Покрај тоа што ја зголемува концентрацијата и дава сила за задачите во денот, овој мал ритуал повеќето го сакаат да се релаксираат и размислуваат во тишина.




Одамна е познато дека дозата на кофеин што ја внесуваме преку оваа навика го зголемува нивото на адреналин, а со тоа се зголемува пулсот и крвта побрзо тече низ телото. Во исто време, спречува допаминот да се реапсорбира во системот, така што тој останува подолго во мозокот. Ова е главната причина зошто се чувствувате толку позитивно и среќно.




Меѓутоа, после таа среќа и позитивност доаѓа желбата и потребата за повеќе кофеин, а вака се однесува телото во првите шест часа по утринската шолја кафе.




Во првите десет минути од пиењето на утринското кафе, кофеинот влегува во крвта и почна да се шири низ вашето тело. Крвниот притисок се зголеми како и отчукувањата на срцето. Почнувате малку да ја чувствувате енергијата.
По околу 20 минути, кофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и на тој начин го отстранува заморот, односно ве буди. Имате чувство дека сте подготвени за сите обврски кои ве очекуваат. Исто така, како што нивото на допамин се зголемува и се задржува во мозокот, концентрацијата потребна за работа или факултет се зголемува.




Половина час откако сте испиле доза на кофеин, вашите надбубрежни жлезди почнуваат да создаваат повеќе хормони. Во овој процес, зениците се шират, па видот станува поостар. Во овој момент имате најмногу енергија, најдобра концентрација и се чувствувате многу позитивно.




Веднаш штом 10 минути после тоа, телото почнува да произведува повеќе серотонин, што го подобрува функционирањето на невроните во ‘рбетниот мозок – ова води до подобрување на координацијата и мускулната сила. Доколку имате можност, а вашите дневни обврски се уште не се пристигнати, ова време би било идеално да го искористите за тренинг.




Цели четири часа по првото кафе, метаболизмот се забрзува, поради што побрзо согорувате енергија. Во овој период, вашето тело почнува да ги разградува складираните масти.
Шест часа после тоа, кафето поминало низ телото, околу половина од кофеинот го нема и може да почнете да чувствувате потреба за уште една шолја.