Љубчо со солзи во очите: Имам специфична болест на бубрезите, измислија афера дека сум посвоено дете – ЕВЕ ја вистината









Многумина можеби веќе и заборавиле, некои и не биле родени тогаш, но ова е најголемата политичка афера во државата односно најголемиот изваден скандал за некој од политичарите – и сето тоа со поинаква умисла, а не реална?




Деновиве повторно е крајно актуелен поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, особено по неговото гостување во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов.

Се зборуваше на многу теми, а најмногу Љубчо одговараше на претходните обвинувања во оваа емисија од страна на Томо Аврамски и Борис Стојменов.




Томо Аврамски во минатото бил сопственик на дневен весник „Сведок“, кој секогаш пишувал драматични текстови кои имале и голема читаност, а публиката им давала значајна вредност.




Еден од текстовите, кој се тврди дека можеби е најголемата изнесена афера во историјата на независна Македонија е веста во која тие тврдат дека екс-премиерот Љубчо Георгиевски бил посвоен, односно не бил дете на своите родители.




Како што се објаснува во тој текст, негов татко бил некој Турчин кој имал врска надвор од бракот со девојка, која останала бременa, па наводно тоа бебе било Љубчо Георгиевски.




За прв пат јавно проговори и самиот Љубчо во емисијата „Во Центар“ каде рече:




-Тоа е гнасна афера. Јас сум имал многу афери, ама ова е лична гнасна афера. Дека моите родители немале деца, татко ми имал Турчин пријател и мене моите ме посвоиле, а наводно сум бил син на Турчинот и некоја негова девојка,- вели Љубчо.




-Јас не сум ниту правел ДНК со моите родители ниту сум имал потреба за тоа. Покрај тоа што личам многу на мајка ми и татко ми, јас имам специфична болест на бубрезите што ја има татко ми, баба ми и целата генерација на потекло. Тоа е еден од најдобирте докази дека таа причина не е точна,- вели Љубчо Георгиевски.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Шокантни информации: Мицкоски барал да биде повлечен текст – се огласи новинарот и го покажа разговорот









Христијан Мицкоски барал од сајтот на Инфомакс да биде избришан текст за поставување на возобновениот споменик на генералот Константин Каварналиев во Дојран.




– Милош беше сведок кога пред година и пол или две откако дојде на позиција во ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски, објавивме ние текст за поставување на споменик на бугарски генерал во Дојран.




Го објавуваме тоа дека не смее да се дозволи, дека е скандалозно, се стопира одобрението за поставување на споменик и од Христијан стига порака со линк од објавениот тект во кој беше цитиран и Џамбаски кој го брани и промовира тој споменик и се фали дека ќе го спонзорира, да замолел ако може ова да се тргне.




Тој бил европратеник, им требал, преку него работеле заедно во ЕПП. Тоа е истиот Џамбаски кој вика од Охрид до Црното Море една бугарска држава и тогаш имаше такви непрокопсани изјави…




– Да не создаваме дополнителни непријатели, никој не го спори чесвувањето но и да имало заедничко чествување никој не го спори нашето право на овие луѓе, е пораката на Мицкоски со барање да се отстрани текстот.




Погледнете го видеото:

Австрија на граѓаните им дава 5.000 евра за да купат автомобил









Австриското Министерство за заштита на климата, животна средина, енергија и мобилност ја продолжи промотивната кампања во која државата го субвенционира секој граѓанин кој сака да купи нов автомобил со 5.000 евра, но со два услова – да се работи за електричен автомобил кој не е поскап од 60.000 евра.




За субвенционирање на електрични возила годинава беа обезбедени 95 милиони евра.




Предвидени се и субвенции за финансирање на приватна инфраструктура за полнење на електрични автомобили, со 600 евра за т.н. wallboxes, како и со 1.800 евра за инфраструктурни системи во станбени згради со повеќе станови.




„Иднината на нашите улици е електрична. Главниот лост за подобра заштита на климата лежи токму во прашањето на транспортот“, изјави австриската министерка за заштита на климата, животна средина и енергија, од Партијата на зелените, Леоноре Гевеслер.




„Со е-мобилноста значително го забрзуваме преминот од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, што дополнително не ослободува од нашата зависност од Русија“, истакна министерот.

Извор: biznisinfo.mk

ВО МОМЕНТОВ: Во Скопје врне снег – еве на кои места најмногу се забележува









ВО МОМЕНТОВ: Во Скопје врне снег – еве на кои места најмногу се забележува




Во овие моменти слаб снег со дожд врне во главниот град.




Се оствари и прогнозата на метеоролозите во главниот град.




Освен засилениот ветер од северно западен правец и дождот, повремено врне и снег во главниот град.




Најизразено е на планината Водно каде во овие моменти вее многу повеќе снег од во Скопје.

Маја Оџаклиевска: Живеам на село, а мојата најголема желба е внукот Лука да прозбори









Не живеам во Белград, туку на село. Најпосле си го најдов мојот мир. Од животни, сега-засега, имам зајак, мачка, куче, птички што ми пеат и во чии песнички уживам заедно со мојот 13-годишен внук




Седумдесетодишната наша добро позната поп-пејачка Маја Оџаклиевска веќе неколку години не настапува, нема концерти, не се натпреварува на фестивали, никаде не патува, не е во бркотница со случувањата на естрадата. Си ги живее своите мирни пензионерски денови. Таа сега ја има почесната српска национална пензија, која се доделува на истакнати уметници, од околу илјада евра и со која во соседна Србија може пристојно да се истурка месецот.




– Среќна сум затоа што пензијата многу ми го олеснува животот, не само мене туку и на моите деца. Иако јас сум мошне скромна личност. Знаев да живеам и со 300 евра.




Маја повеќе не живее во Белград, се пресели во едно село недалеку од српската метропола. Таму, на село, е заедно со својот внук Лука, изолирана од градската врева, во природа, со животни. И, секако, со Лука, кому пред десет години му бил дијагностициран аутизам. Оттогаш тој ѝ станал најголем приоритет, па поради тоа таа, всушност, најмногу и се повлече од музичката сцена.




– Најпосле, по толку бурни години, живеам совршено спокојно. Искрено да кажам, ми здодеа тоа постојано да треба да бидам на врвот, да треба да се нервирам ако не сум на топ-листите, да се тресам дали ќе победам на некој фестивал. Сè ми стана претерано стресно. Станував напладне, по два, со што денот ми беше уништен. Сега станувам околу пет наутро. Сакам да го гледам изгрејсонцето, да ги хранам животните. Седнувам и пијам кафе самата со себе.




Никој не ме „дави“ со празни муабети, и тоа е нешто најдобро. Нема сообраќаен метеж, нема постојано ѕвонење на мобилните телефони, нема закажување настапи, нема здодевни патувања на плус 50 или на минус 20 степени. Уживам во своето слободно време на село. Од животни, сега-засега, имам зајак, мачка, куче, птички што ми пеат и во чии песнички уживам.

Инаку, Маја има две ќерки од два брака. Тоа се Теа и Андреа, на кои и денес им е голема поддршка. Денес, внукот Лука има тринаесет години, во раниот пубертет е, но сè уште не проговорил. Маја не ја губи надежта.

– Најискрено се надевам дека ќе прозбори. Тоа е мојата најголема желба – вели Маја

Ковачевски ГРМНА: После ова многу работи ќе бидат јасни за ВЛАДАТА и новата коалиција









Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.




На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.




Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.




Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, утре ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски. На средбата ќе се разговара за евентуален влез на Алијанса за Албанците во владиното мнозинство.




Од Алијанса за Албанците за тв24 потврдуваат дека средбата ќе се одржи, но не откриваат детали за истата, односно дали Таравари ќе излезе со конкретни барања за влез во Владата. Денеска и премиерот Димитар Ковачевски ја потврди утрешната средба со Таравари и посочи дека Влдата секогаш е отворена за партии кои ја поддржуваат европската агенда.




Во петокот пак, Алијанса за Албанците веќе го формираше тимот кој ќе преговара за евентуалниот влез на партијата во Владата. Покрај лидерот на партијата Арбен Таравари, дел од преговарачкиот тим се и неговите најблиски соработници – двајцата секретара и тројцата потпретседатели на партијата. Арбен Таравари во петокот рече и дека Алијанса за Албанците веќе има потенцијални барања, но и дека дополнително партијата ќе треба да ги прецизира стратегијата и приоритетите со кои ќе настап во преговорите за евентуалниот влез во Владата.




Алијанса веќе е партија која јавно ја поддржа европската агенда, па доколку таа и навистина влезе во Владата, веќе се шпекулира дека ќе едно од министерствата ќе го добијат ќе биде правда. Токму на ова прашање одговараше актуелниот министер за правда Никола Тупанчески, кој посочи дека станува збор за шпекулации и дека тој ќе остане професионален до последен ден.




Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, од говорницата во Палас на годишната владина конференција порача дека време за калкулации нема, односно дека е крајно време пратениците да кажат дали се за Европа или против- во контекст на уставните измени.

За уставните потребно е двотретинско мнозинство, освен ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери на влдата

ПОТВРДЕНО: Приведен бегалец од затвор









ПОТВРДЕНО: Приведен бегалец од затвор




По серијата лоши вести од затворите низ државата, утрово веќе работите се стабилизираат односно се враќаат во нормала.




Како што информираа и од МВР, приведено е лице кое претходно успеало да избега од затвор.




На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани.




Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот.




Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци, соопштуваат од МВР.

Директорот на Ал Наср бесен на Роналдо: Потрошив 200 милиони евра, а тој знае да направи само „Сиуууу“ (ВИДЕО)









Директорот на Ал Наср бесен на Роналдо: Потрошив 200 милиони евра, а тој знае да направи само „Сиуууу“ (ВИДЕО)




Кристијано Роналдо направи трансфер во Саудиска Арабија каде што добива 200 милиони евра по сезона. Саудијците освен што добиваат голем маркетинг со неговото доведување, сепак очекуваат и резултати на теренот.




Но, резултати и ефикасност од Роналдо во првите два натпревари нема. Роналдо не постигна гол на првите две официјални средби, Ал Наср беше елиминиран од полуфиналето во Суперкупот на Саудиска Арабија.




„Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само сиуу“, извика луто шеикот и ја напушти просторијата.




На пристугните им беше смешна неговата реакција, но очигледно на него не му беше баш до смеење.

Двата најчести изговори: Мажите признаа како прикриваат измама во врската









Измамата е честа појава. За некои тоа е причина за разделба, раскинување и развод, други се подготвени да ја простат. Дали сте изненадени од фактот што едно истражување откри дека една четвртина од брачните парови се соочуваат со прељуба?




Друго истражување покажа дека само 13 отсто од неверните мажи признаваат дека изневеруваат.




Некои не бегаат од измами. Напротив, тврдат дека тоа било излез од врска или брак со кој се незадоволни, но има и такви кои на секој можен начин ќе ја сокријат прељубата. Тие се подготвени да се однесуваат како ништо да не се случило и така сопругите никогаш не дознаваат. Со оваа тема се занимавале и грчки истражувачи.




Тие побараа од 300 испитаници да наведат процедури што би ги користеле за прикривање на измама. Тие ги издвоија најчесто користените опции: првата во серијата беше „вадење на пријател“. Неверните мажи ги гледаат своите љубовници, а пријателот е секогаш алиби.




На сопругите ќе им кажат дека биле со него или со некој колега од работа, иако се свесни дека оваа приказна не држи вода секогаш. Особено ако досега не сте пиеле кафе со некој од деловното опкружување, надвор од работното време.




Втората опција на оваа листа беше правилото – „Се преправам дека сум луд“. Прељубниците кои не сакаат да бидат откриени ќе се потрудат да не го променат однесувањето кон партнерот. Ќе останат блиски, ќе покажат љубов и ќе зборуваат за нивната врска.




Многумина од нив често знаат да се „играат“, па ги изненадуваат своите сопруги со подароци. Тогаш често може да се слушне од женскиот пол: „Што си згрешил сега?“, па оваа опција некогаш е помалку, а некогаш поуспешна.

Покрај Земјата ќе помине зелена комета, последен пат била видена во времето на неандерталците









Покрај Земјата ќе помине зелена комета, последен пат била видена во времето на неандерталците




Зелената комета се очекува да биде највидлива од Земјата оваа недела. Се наоѓа на оддалеченост од 42 милиони километри од нас.




Оваа комета последен пат поминала покрај Земјата во време кога неандерталците сè уште ја населувале Евроазија, велат научниците. Сега НАСА планира да го набљудува со својот вселенски телескоп Џејмс Веб, кој би можел да им даде на научниците информации за формирањето на Сончевиот систем.




Кометите се составени од карпи, мраз, прашина и карпи. Како што се приближуваат до ѕвезда, тие почнуваат да се топат, ослободувајќи млаз гас и прашина.

error: Content is protected !!