Проверувајте ги сметките: К-15 мора да се исплати, кризата не смее да влијае









Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат за „Слободен печат“ од Сојузот на синдикати на Македонија.




Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.




-Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ. До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари.




Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за „Слободен печат“ вели дека судовите постапуваат по тужбите што ги поднесоа нивните членови, а од почетокот на годинава паднале и првите пресуди во нивна корист.

-Судовите исплатија регрес, како и дел од Јавното обвинителство, а онаму каде што нема разбирање да се избегнат судските трошоци и да се исплаќа доброволно, тераме со тужбите – додава Деаноски.




Како што објави неодамна Дојче Веле од февруари до 30 септември годинава во Одделот за работни односи на Граѓанскиот суд биле поднесени 3.749 тужби, со основ надоместоци. Дел од тужбите се однесуваат на популарниот К-15, на што се жалеа синдикатите, кои ги повикуваа работниците да алармираат и да покренат судска постапка за заштита на своите права.




Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од основицата, а износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.




Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеца. Инаку, работодавачите каде што настанале тешкотии во работењето, можат да одат под загарантираниот минимум од 40 отсто. За неисплата на К-15 предвидена е глоба до 4.000 евра, а за работодавачите што бараат да им се вратат исплатените пари и затворска казна од три месеци па сѐ до една година.

Хаос на границата во Делчево помеѓу Македонија и Бугарија – гледајте што прават бугарските службеници









Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ се очекува да биде отворен денеска во Благоевград.

Овој чин од локалните власти беше прифатен како провокација, против употребата на неговото име протестираа и роднините на поетот.




Во исто време се очекува протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот.




Екипа од локалната полициска управа од неделата од раните утрински часови дежурала пред клубот.




Сепак, она што се случува од страна на бугарските службеници денес е за секоја осуда.




Тоа што го прават е намерно, со желба за дополнителна провокација.

На половина час пред официјалното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, на граничниот премин Делчево кон соседна Бугарија, секое од возилата со македонски регистарски таблички се држи по 20 минути од страна на бугарските гранични службеници, пренесе Алфа телевизија.

Уапсен работник на бензинска пумпа: Снимал млад човек кој потоа се самоубил – откако бил исмеван









Полицијата го уапси Вељко Тришиќ, работник на бензинска пумпа од видео снимката на која е прикажан како го снима младиот Младен Дулиќ (22) од Лакташ, кој се самоуби.




Изворите додаваат дека Тришиќ во моментов е под кривична истрага.




„Независне“ дознава дека Тришиќ е осомничен за неовластено снимање.

Да потсетиме, Младен Дулиќ, се самоуби откако, како што е наведено на социјалните мрежи, не можел да го поднесе притисокот на јавноста поради потсмевот кој го претрпел на интервју за работа.




Како што пишуваат тамошните медиуми, работникот на бензинската пумпа „Глигиќ“ од Лакташ се исмејувал на дваесет и двегодишен млад човек кој побарал од него да пополни формулар за „пријава за работа“.




Телото на Младен го пронашол неговиот татко откако се вратил од работа. Таткото се вратил дома со велосипед и видел дека вратата од просторијата за пушење е отворена, но прво не се посомневал во ништо, вели добро информиран соговорник на Српскаинфо.




Набрзо забележал дека лото ливчињата се превртени пред димницата и тогаш добил шок.




Таткото го видел синот во просторијата за пушење и веднаш го фатил за нозете обидувајќи се да го спаси.

За трагедијата да е уште поголема: Најголем дел од жртвите во стампедото во Сеул се девојки на возраст меѓу 18 и 30 години









Трагедија каква што не се памети.

Се требало да биде забава, а се претворило во пекол за неколку минути.




Мнозинството загинати или повредени во стампедото во Сеул се девојки меѓу 18-30 години, а речиси третината од настраданите се жени, соопшти денес портаролот на Спасувачката служба на Јужна Кореја.




„Вкупно, 233 лица се жртви на инцидентот, од кои 151 им подлегнаа на повредите, додека 82 се повредени. Повеќето од настраданите се тинејџери и млади лица од 30 години, од нив 54 мажи и 97 жени, наведе портпаролот, пренесе агенцијата ТАС С.




Тој смета дека ваквиот однос се однесува најверојатно на слабата градба на младите девојки во споредба со мажите.




Според најдовите податоци, три Русинки се меѓу загинатите, а животот го изгубиле 22 странски државјани.




До трагедијата во Сеул дошло во текот на прославата на Ноќта на вештерките во саботата навечер, кога дошло до хаосот во стрмната тесна уличка, каде што се најдоа неколку стотици луѓе, кои се обидувале еден преку друг да излезат од таму.

Вонредна прес-конференција на СДСМ во 10:30 часот – откриваме кој и за што ќе зборува









Што се случува во државата?

Од рано утринава, се чувствува некој немир кај граѓаните, ова неделно утро.




Од страна на владејачката партија е најавена вонредна прес конференција.

За нешто помалку од половина час, ќе бидат соопштени драматични детали.




Најава, вонредна прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:




Ве известуваме дека денеска 30.10.2022 година (недела) со почеток во 10:30 часот во седиштето на СДСМ вонредна прес-конференција ќе одржи Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Секоја чест за она што го направи полицијата вчера во Скопје – решен е огромен проблем









„Фраерите“ веќе не можат да глумат мангупи низ цело Скопје.

Ставен е крај на едно несфатливо однесување на одредена група на млади лица.




Синоќа вриеше од полиција низ центарот на Скопје. Причината е позната за сите.

По најавените групни тепачки меѓу средношколци, реагираше полицијата.




Вечерва можат да се забележат полициски патроли на места во Скопје каде што има собирање на млади, особено кај Силбо на Партизанска, Трговски центар Бисер, плоштад Македонија и др.




На прашање до МВР, од таму објаснуваат дека ова е превентио присуство кое придонесува да не дојде до нарушување на јавен ред и мир и вршење на кривични дела.




Ваквата практика е за поздравување затоа што со самото присуство на полицијата, се демотивира било кој што има намера да предизвика тепачка или нешто слично.

Од лице место: Погледнете ја атмосферата во Благоевград, каде денес ќе се отвори македонски клуб









Полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград чие отворање е најавено за денеска, јави репортерот на бугарската ТВ Нова.




Во јавувањето во живо, тој пренесе дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња што, според репортерот на ТВ Нова, се случува на државни празници, но очигледна е пораката што треба да ја пренесат денеска.




Новинарот на бугарската телевизија истакна уште еден детаљ – во името на клубот, напишано на прозорците на просториите во кои е сместен, се врати буквата „м“ во „македонски” што ја немаше во изминатите денови, но сега недостига друга буква – „е”. Кој ги допишува и трга буквите, не е јасно, вели новинарот.




ТВ Нова извести и дека паралелно со отворањето на клубот, партијата ВМРО-БНД ќе одржи простест, но подалеку од ова место – во центарот на градот кај споменикот на Гоце Делчев.



„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал“ вели Кајмакоски за новата девојка, која за роденденот го изненади со специјален подарок













Љубов на сите страни.

Даниел како да е друг човек.








„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, вака македонскиот пејач Даниел Кајмакоски јавно и изрази љубов на новата девојка со која постојано споделува заеднички фотографии, но се уште го крие нејзиното име.




Кајмакоски веќе некое време е преселен и живее во Белград, а неодамна го прослави и 39-тиот роденден. Тој на „Инстаграм“ се пофали дека добил прекрасен подарок од девојката.




– Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам за мојата девојка која ме направи премногу среќен, напиша Даниел до фотографиите од малиот црн кокер шпаниел што го добил за подарок.




Силјановска-Давкова контра Христијан Мицкоски: Дали и таа ќе прекине да ги слуша наредбите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ









За време на собраниската седница за пратенички прашања на 27 октомври, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна неуспешна кандидатка за претседателската функција, проф. Гордана Силјановска-Давкова, постави прашања во врска со образованието.




Таа, во своето излагање, освен што прилично „академски“ му се развика на премиерот Ковачевски, велејќи му дека „тресе глупости“ и да молчи, изнесе и една констатација која најмалку можеше да се очекува од неа.




Пратеничката Силјановска-Давкова рече дека во универзитетите владее „опасна фамилијаризација, да не речам непотизам“.




„Ќе се согласите дека фамилијарните односи не се добар амбиент за натпревар“ – рече таа и го цитираше Законот за високо образование според кој е забранет непотизмот.




Ваков настап и став најмалку можеше да се очекува од универзитетската професорка која држи неколку предмети на Правниот факултет и која силно ја протежира токму шефот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот универзитетски професор, син на универзитетски професор од истиот факултет (Машински).




Таа стана претседателска кандидатка, а сега е меѓу најблиските советници на вмровскиот шеф. Овој нејзин настап од собраниската говорница му доаѓа нешто како ладен туш или… Каменот од блиску доаѓа, како што слушнавме во разговорот меѓу Бате Саше и Муса Џафери во 2015 година.

Да видиме како на овој „камен“ ќе реагира Мицкоски. Некои велат дека ќе ѝ забранат да поставува прашања во иднина, да не тресне уште некого. Од блиску.

Конечно раскажа се, до најситен детаљ: Ламбе Алабаковски откри зошто го запалил бугарскиот клуб









Еден од ексклузивните учесници на годинашниот „Макфест“ беше Ламбе Алабаковски (34). Познатиот македонски поп-пејач се врати во Македонија по седум години минати во Детроит, САД.

Вниманието на јавноста ѝ го привлече и откако на 7 јуни годинава беше приведен за палењето на влезната врата на бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а откако го призна делото беше ослободен и осуден на условна казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се реализира доколку во следните две години, Алабаковски не стори ново кривично дело.




Неговиот настап не помина незабележан, а штипјани покажаа дека сѐ уште им е еден од омилените пејачи од македонската сцена.

Какво е чувството по толку години повторно да сте на „Макфест“?




– Интересно, впечатливо, но како 100 години да поминале од моето последно доаѓање тука. Кога ми се јави Јован Јованов и ме праша дали ќе учествувам на годинашниот „Макфест“, веднаш прифатив кога слушнав дека фестивалот ќе биде од ревијален карактер. Убаво е да има вакви фестивали, да се создаваат нови песни, да се дружиме.




Песната „Оди си“ ја напиша Иван Јованов и уште од првото слушање ме освои. А домот „Ацо Шопов“ има мирис на минатото на овој фестивал, чиј дел сум и јас.

Во секој случај, пријатно е да си тука во Штип деновиве, да се дружиме со колегите, а запознав и многу нови, млади луѓе, кои се на почетокот на кариерата, што ми е особено драго.
Како, сега од временска дистанца, гледате на тоа што се случи во Битола?




– Ништо не сум направил плански, со некоја цел. Јас тоа што го чувствував длабоко во себе и го направив, навистина не би сакал многу да зборувам за тоа. Тоа го сторив поттикнат од моите искрени внатрешни чувства, како да се разгоре огнот што тлееше во мене. Но зад овој настан има и историја, минато.




Мојот прадедо од селото Љубојно се викаше Панде Пашариковски, него го убиле бугарските окупатори, а потоа и го обезглавиле. Баба ми, од страната на мајка ми, ми раскажуваше за овој трагичен настан, чиј сведок била со една другарка.

Тоа што сум го слушал, уште како дете, предизвика лавина од емоции кај мене. Можеби пресудно беше и тоа што повеќе години со семејството бев во Америка, а кога сте далеку од дома, патриотските чувства растат енормно.




Зошто ја запаливте влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола?




– Видов дека никој ништо не презема и тоа ме заболе и, ете, се решив на тој чекор. Во тој миг не размислував за последиците, можеше сѐ да излезе многу полошо. Во еден миг си помислив дека ќе има многу полош тек за мене, за семејството, но кога целиот народ ме поддржа, бев трогнат. Но јас не го направив тоа за популарност, апсолутно не.




Мислам дека сите го чувствуваат тоа, таа неправда кон македонскиот народ, и дома и од страна на соседите, на меѓународната заедница, што трае многу долго и верувам дека многумина посакуваа некој да реагира. Можеше сѐ да мине со моите иницијали и никој ништо немаше да знае, но, ете, ми го открија идентитетот и тргна лавината.




Вашите песни повторно се многу слушани, а имавте и голем број настапи и гостувања периодов?




– Драго ми е што луѓето сѐ уште ме почитуваат и ме паметат по песните, а кога ќе видам дека сите ги пеат со мене од збор до збор, сигурен сум дека не згрешив што се вратив дома. Имам свој бенд, работиме доста, ете, имам и две нови песни, „На чекор до брегот“ и макфестовската „Оди си“. Ќе се снима уште многу, а на повидок е и нов албум. Имам идеја за понова верзија на хитот „Летај, ми летај гулабе“ од Калица, што своевремено ја отпеа Крунослав Кичо Слабинац, а би сакал и да снимам и албум со изворни македонски песни, бидејќи дел од нив пеам и на моите настапи. Веќе е договорен и настапот за Нова година, ќе свириме во Битола, каде што живеам со семејството. Енергијата е прекрасна, како и луѓето, соработниците….




Целото интервју прочитајте го на „Нова Македонија“ – (клик ТУКА)

error: Content is protected !!