Стаменка моли за помош – На штаки сум, ИТНО МИ Е ПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА НА КОЛКОТ, на државно нема материјали, мора приватно

Стаменка моли за помош – На штаки сум, ИТНО МИ Е ПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА НА КОЛКОТ, на државно нема материјали, мора приватно

Стаменка Трповска веќе неколку години се соочува со проблем со колкот и потребна и е итна операција за која се потребни 9000 евра и не може самата да ги покрие.

Воедно како што вели истата не може да се изведе на државна клиника затоа што нема материјали и долго време е на листа за чекање и затоа мора да се оперира приватно во Систина.

Затоа моли за помош од хумани граѓани кои би и помогнале да заврши голготата која трае неколклу години.

– Итно ми е потребна операција на колкот поради компликации која за жал не може да се изведе на клиника поради тоа што немаат материјали (импланти), а веќе чекам од октомври 2022 година. Воедно сум на штаки од тогаш и имам огромни болки кои ми прават проблем за нормално да функционирам. Операцијата би се извела во Систина за која ми се потребни 9000 евра. Нешто имам веќе собрано но далеку од потребната сума. Затоа би ве замолила кој колку може да донира.

– Денарска сметка:

270700042513594

Халк Банк

Со назнака: “Донација за Стаменка”

– Девизна сметка:

270700051478528

Халк Банк

-PeyPal:

adam.burkey@cru.org

-Gofundme:

https://gofund.me/fa1aec75

Украл лименка пиво од продавница, доби 14 месеци затвор – за оваа пресуда зборува цел Балкан

Украл лименка пиво од продавница, доби 14 месеци затвор – за оваа пресуда зборува цел Балкан

Според пресудата што беше објавена деновиве, Хрват во јуни минатата година „од фрижидерот на продавницата во Донја Зелина во алкохолизирана состојба зел една лименка пиво „Ловенбрау“ од 0,5 литри во вредност од 7,79 куни и ја задржал за себе“, пренесува Даница.

„Потоа без да плати ја поминал касата и се упатил кон излезната врата од продавницата и ја отворил. Потоа, додека си заминувал, вработена се обидела да го спречи, која дошла до него и му кажала дека не може да носи роба што не ја платил надвор од продавницата и дека ќе повика полиција. Потоа ја фатил жената за рамо и ја оттурнал, а таа изгубила рамнотежа и со подлактицата удрила во железната врата, а со левиот лакт во ѕидот, поради што се здобила со набиеници на двете подлактици. После тоа, без да го плати пивото, се оддалечил од продавницата“, се вели во пресудата.

Мажот се товари за кривично дело разбојништво, за што е осуден на 14 месеци затвор: шест месеци безусловна и осум месеци условна казна.

Сепак се чини дека мажот веќе ја одлежал казната бидејќи во неа е вклучено и времето поминато во истражен затвор. Тој е должен во државниот буџет да уплати и износ на незаконски стекната имотна корист во износ од 1,03 евра или 7,79 куни.

Мажот пред судот се бранел велејќи дека „прво имал намера да го плати пивото, но бил многу пијан, па излегол надвор и седел таму додека не дошла полицијата, а се сеќава дека со раце ја оттурнал вработената во продавницата која инаку ја познава по видување“.

„Немав намера да бегам. Бев доста пијан, не ја турнав свесно вработената во продавницата, туку поради алкохолот. Инаку, јас не пијам шест дена во неделата бидејќи работам, пијам само во недела“, рече осудениот.

„Пиеш само во недела? Па, тој настан во продавницата се случи во понеделникот“, го прекина обвинителот.

„Понеделник? Веројатно.. тој ден заспав, па отидов во продавница да земам алкохол“, одговори тој.

На крајот, судијката како олеснителни околности го ценеше неговото „признавање на делото, намаленатасвесност поради алкохол, и тоа што ја чекал полицијата, што покажува дека сфатил дека направил грешка“.

Како отежителна околност беше земена неговата претходна осуда. Пресудата е неправосилна и може да се обжали во рокот предвиден со закон, јавија хрватските медиуми..

Голема трагедија на големиот празник: Скопјанка излегла од автомобил и починала на автобуска станица во Аеродром

Голема трагедија на големиот празник: Скопјанка излегла од автомобил и починала на автобуска станица во Аеродром

Уште една голема трагедија пред големиот празник Велигден, сето ова се случило на Велики Четврток.

Во продолжение дознајте ги деталите.

На 13.04.2023 во 21.14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„АСНОМ”, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината М.Г.(45) од Скопје.

Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго” со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала.

Тешка сообраќајна несреќа на големиот празник: Ова се деталите

Тешка сообраќајна несреќа на големиот празник: Ова се деталите

На еден од најголемите празници пред Велигден, се случи голема сообраќајна несреќа – во кој има повеќемина повредени.

Вчера попладнето на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од М.М.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, додаваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На големиот празник Велики петок: Се огласи мајката на загубеното бебе во болницата во Битола – зборови кои ќе ве СКРШАТ

На големиот празник Велики петок: Се огласи мајката на загубеното бебе во болницата во Битола – зборови кои ќе ве СКРШАТ

Трудницата која го загуби бебето во битолската облница, се огласи на социјалните мрежи. Таа ја обвинува болницата за загубата на детето. Властите најавија истрага, додека директорот на болницата најави оставка. Претходно во истата болница почина шестгодишно девојче. Истрагата покажа дека болницата ги преземала сите чекори.

Објавата на мајката ја пренесуваме во целост:

„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот.

МАЈКА.

Поради партиските “препуцавања”, РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА

ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ.

ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ.

НАШИОТ ЈОВАН.

НАШЕТО НАЈМИЛО.

ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ????

Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари,

ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие..”луѓе”.

Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе.

Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат..

Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО?

Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече ” АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ”.

Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ….??? Па не бил насилен пораѓај.

Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се!

И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ.

Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден.

Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де…

А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или?

А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?!

А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете?

А?

Оставки, жалења, тажења.. НЕ.

Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не.

НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ.

Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ.

ВЕТУВАМ!

Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог.

УБИЈЦИ!

ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е.

ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!“

Што значи ако врне дожд на Велики петок? Не е добро, подгответе се за ОВА

Што значи ако врне дожд на Велики петок? Не е добро, подгответе се за ОВА

Велики петок е најтажниот ден во календарот на секој христијанин. Постојат неколку правила кои треба да се почитуваат на тој ден.

Традицијата вели дека Велики петок строго се празнува. Жените не смеат никако да земат игла во рацете, бидејќи се верувало дека ќе им излезат пликови по рацете. На овој ден не се гори оган, ниту се вриe.

И леб не се меси на овој ден. народот верувал дека на овој ден најдобро е да се калемат овошки, бидејќи се што ќе се накалеми на овој ден, се фаќа.

Велики петок за сите христијани е најтажен празник и ден на строг пост. Според верувањата на овој ден не треба да се работи ништо во куќата ниту на нивите.

Но ова не се единствените верувања кои се однесуваат на овој ден. Постојат различни верувања и обичаи кои треба да се направат токму на Велики петок за целата година да ни тече добро.

Во минатото девојките на Велики петок краделе цвеќе од црковниот двор по литургијата и пред спиење ги ставале под перница бидејќи се верувало дека токму таа ноќ ќе го сонуваат својот иден сопруг.

На овој ден постарите гледаат во небото и велат дека ако на Велики петок врне дожд, нема да има сливи. Дождот, според верувањата, значи и дека годината ќе биде тешка и сушна, полна со конфликти и кавги.

Гужвите за Велигден почнаа: Редици возила на „Богородица“ стојат во место и до еден час

Гужвите за Велигден почнаа: Редици возила на „Богородица“ стојат во место и до еден час

Празничните гужви за велигденските празници започнаа.

На граничниот премин „Богородица“ се забележани редици возила, додека утринава немаше поголеми задржувања.

Според информациите, за влез во Грција се чека и до еден час.

Според АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Другар на Мартин кој вчера почина на терен открива на што му се пожалил 15-годишникот пред да се случи трагедијата

Неопислива тага го обзеде самоборскиот регион откако ја добија веста дека нивниот Мартин Филипчиќ починал за време на фудбалскиот кадетски центар во Дуги Село при натпревар од втората лига. На 15-годишникот одеднаш му се слоши додека играше на гости со својот НК Самобор за победа против НК Дуго Село.

Филипчиќ во 60. минута од фудбалскиот натпревар се пожали на слабост. На судијата му рекол дека не се чувствува добро, па бил упатен кај лекарите во близина на клупата. Но, таму се онесвестил и престанал да дише. Лекарските напори и брзото пристигнување на брзата помош, како што се испостави вечерта, биле залудни бидејќи неговото срце за жал престанало да чука.

Неговото тело е пренесено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта, што ги шокираше сите што го познаваа.

„Се пожали дека не спиел многу…“

Неговите пријатели со неверување се сеќаваат на моментите на кои биле сведоци кои оставиле влијание врз нив.

– Да, така е, тој само колабираше во текот на играта. Мартин беше прекрасно момче и одличен спортист. Водел спортски живот, никогаш не доцнел на тренинг и живеел за овој спорт. Во средата наутро ми се пожали дека претходната вечер не спиел многу. Беше слаб и едвај ја изеде вечерата. Пред мечот имаше главоболка, па беше малку нервозен и ме праша дали некој има нешто за главоболка. Тоа го препишавме на промената на времето и на училишните испити, поради што сите сме под стрес на крајот на годината, бидејќи, колку што знаевме, нашиот Мартин беше здрав и во полна кондиција. Сите би го посакале како дел од тимот, верувајте ми, изјави за Јутарњи лист пријател на починатиот Филипчиќ.

Друг, пак, со тага вели дека сè уште не може да поверува дека „добриот дух на нивниот круг пријатели веќе го нема“.

– Како да се збогувате со пријател со кој пораснавте? Воопшто не можете. Тој ќе живее вечно во нашите срца. Страшно е болно да се слушне реченицата „Кога е погребот на Мартин?“ – заклучува пријател на покојниот средношколец.

Како да се избегнат вакви трагедии?

Смртта на петнаесетгодишното момче на фудбалски натпревар во Дуги Село уште еднаш го наметна прашањето кои се причините за ваквите трагедии и дали може навреме да се избегнат или препознаат.

„Во вакви трагични случаи најчесто се работи за некои вродени состојби кои останале скриени, тие се многу ретки и тешко се препознаваат со некои рутински прегледи“, вели кардиологот проф. Даниел Дилбер, раководител на Одделот за детска кардиологија во КБЦ Загреб.

Во дури 50 проценти од случаите причината е хипертрофична кардиомиопатија, односно болест на срцевиот мускул кој е задебеленаж и потоа, со зголемен напор, на коронарните артерии и на самиот срцев мускул им е потребно поголемо снабдување.

Тој предупредува дека може да се работи и за аномалија на коронарните артерии, на пример наместо две да излезе една или да има ненормален проток. Но, тоа се и проблеми кои тешко можат да се откријат со рутински прегледи. Една од причините може да биде воспаление на срцевиот мускул предизвикано од инфекција која немала никакви симптоми, па не е ни познато дека, на пример, вирусот го зафатил срцевиот мускул, кој затоа е исклучително слаб во функција.

Непрепознаени наследни маани

„Можно е и непрепознаени срцеви мани или ретки вродени аритмии како што е болест на срцевите канали. Најчесто тоа се наследни промени кои останале непрепознаени при рутински прегледи. Децата кои се занимаваат со спорт треба да земат и семејна историја за да се утврди дали има некој во семејството кој починал млад поради срцеви заболувања, дали детето имало губење на свеста при напор или стегање во градите. Некои одговори за здравјето на срцето ќе даде и ЕКГ-то, особено ако најчестиот проблем е хипертрофичната кардиомиопатија“, вели проф. Дилбер.

Тој додава дека спортот е сè понапорен веќе по 12-годишна возраст, па затоа е потребно да се утврди дали постои некаков ризик по здравјето и во тој случај детето да биде исклучено од натпреварувачките активности.

„Спортот е корисен и за најболните, но доколку постои ризик, потребно е да се постават граници или да се исклучат големите напори“, заклучува проф. д-р Дилбер.

Четиригодишно девојче нападнато од куче, завршило со 40 конци на лицето – Се испаничив и плачев, имаше многу крв, вели мајката

Четиригодишно девојче нападнато од куче, завршило со 40 конци на лицето – Се испаничив и плачев, имаше многу крв, вели мајката

Четиригодишно девојче добило 40 конци на лицето откако било нападнато од американски булдог.

Малата Лана-Ен Форсајт била прикована од животното на земја, а мајката Ејми Хобсон (32) го удирала кучето за да му го олабави стисокот. Ќерката со такси ја однела во болница бидејќи и рекле дека ќе и требаат неколку часа за да пристигне брзата помош.

Кошмарот се случил во домот на семејните пријатели во Нунитон, Англија во четвртокот попладне. Веднаш штом пристигнале во болница, Лана итно била пренесена на лекување.

Хирурзите два часа го оперирале девојчето кое завршило со 40 конци на лицето, а мајката била предупредена дека детето ќе има трајни лузни.

Хобсон објасни дека кучето било горе во собата, но ја отворило вратата и се симнало долу. Таа му пришол и почнала да го гали, а истото сакала да го направи и нејзината ќерка извикувајќи го името на кучето за да дојде кај неа.

„Ја фати за лице и ја собори на земја. Го удрив за да го тргнам од неа, го кренав девојчето од подот и веднаш повикав 911. Имаше многу крв, Лана беше мирна и храбра и бев во паника и плачев, рече мајката.

Полицијата покренала истрага, кучето било одземено од сопствениците и успиено.

Џон Тулох, експерт за ветеринарно јавно здравје на Универзитетот во Ливерпул, е автор на студија од 2021 година која откри неверојатен пораст на бројот на инциденти со каснување од кучиња во текот на изминатите 20 години.

„Во последните дваесет години има зголемување на бројот на сериозни напади на кучиња, треба да го наречеме со неговото вистинско име: растечки јавно здравствен проблем. Во повеќето случаи, тоа е куче познато на жртвата бидејќи овие настани се место зад затворени врати“, рече Талох.

Како можен проблем го наведе зголемувањето на бројот на домашни миленици купени од нерегистрирани и странски одгледувачи, како и воспитните методи поттикнати од трендовите на „Тик-ток“.

Оглас за работно место со ПЛАТА од 3.000 евра – Еве каде треба да АПЛИЦИРАТЕ!

Оглас за работно место со ПЛАТА од 3.000 евра – Еве каде треба да АПЛИЦИРАТЕ!

Се зголемува бројот на огласи кои се споделуваат на социјалните мрежи за работа во странство. Најмногу доминираат огласи за работа во Германија. Така еден оглас буквално го преплави фејсбук.

Станува збор за работни месна доставувачи на писма и пратки во DHL и Германска пошта. Се работи со автомобил, мало комбе, pick up возило.

Огласувачот посочува дека е пожелно познавање на јазик Германски/ Англиски основно ниво. Доколку немате познавање на јазикот, огласувачот информира дека организираат подготвителни курсеви ОНЛАЈН НАСТАВА со цел да се стекнете со основно познавање на јазикот.

Ова е одлична можност за млади до 29 години за тримесечна работа во Германија!

Огласувачот дава неколку информации околу работата:

1.Работите во една максимум две смени 40 часа неделно, недела слободен ден, со можност за прекувремена работа по желба платена секако.

2.Платен работен час 15.5 или плата Бруто околу 3000€, но вие како млади лица сте ослободени од плаќање на данок така што одземениот данок ќе го вратите до крајот на работната година.

Значи на крајот нетто плата ќе ви дојдe вашата целосна плата што ќе ја заработите.

3.Обезбедено сместување во соба на почеток делите тоалет и кујна се плаќа од 9 до 15€ по ден во зависност кој град ќе одите.

4.Од платата ќе ви биде одбиено за сместувањето.

5.Доставувате пратки и писма до адреса со комбе, pick up возило итн. по потреба.

6.Потребно е да знаете основно ниво англиски или германски јазик.

7.Добивате работен договор од нас, добивате комплетна документација.

8.Добивате директна поддршка кога ќе пристигнете во Германија од наш агент кој живее,работи во Германија.

9.После апликација работна дозвола се добива за околу 8 недели, затоа е подобро што побрзо да се аплицира.

10.За апликација потребно е:

Име
Град
Телефонски број
Години
Е-маил адреса
Познавање на јазик германски/англиски/српски

error: Content is protected !!